Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Од утре – евтина струја од 13 до 15 часот

30 ное. 2023 г.·2 мин читање·1105 прегледи

Следете не на Viber

Домаќинствата, околу 170 илјади, кои имаат дигитални броила, од утре на располагање повторно ќе ја имаат евтината дневна тарифа на струја. Од 13 до 15 часот. Сите други таа можност ќе ја имаат до крајот на месецот, откако екипите на ЕВН ќе направат рачно сетирање на броилата.

„Од утре официјално се враќа евтината тарифа за домаќинствата. Кога ја укинавме во декември 2021, тоа беше во услови кога имавме цени на електрична енергија по 300-400 евра по мегаватчас, а во текот на денот достигнуваше до 500, 600, 700 евра. Едноставно, тие трошоци не можеа да се издржат. Бевме принудени да ја укинеме, но тогаш ветивме – во првиот момент кога ќе се создадат технички и пазарни услови, ќе ја вратиме евтината тарифа“, наведе во ТВ гостување претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Воедно, укажа дека сите домаќинства кои имаат далечинско отчитување, утре ќе имаат евтина тарифа, а понатаму мерилата ќе се сетираат група по група.

„Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат уште 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе ја имаат 90 отсто“, вели Бислимовски.

Со враќањето на дневната тарифа, евтината струја ќе биде застапена во вкупно 11 часа од едно деноноќие.

Клучни зборови

  • евтина дневна тарифа
  • струја
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk