Од мали апарати, фрижидери и машини за перење, до клима-уреди, озвучувања и огромни телевизори – белата техника одамна не е само дел од секојдневниот живот на граѓаните, туку и еден од најголемите малопродажни бизниси во земјава. Во време кога технологијата се менува со забрзано темпо, а потрошувачите сè почесто ги обновуваат своите домови со поефикасни и помодерни уреди, расте и пазарот на компаниите што ги снабдуваат.
Податоците од „Бизнис мрежа“ што ги анализираше порталот Пари покажуваат дека 157 компании од оваа дејност во 2025 година оствариле вкупен приход од околу 272 милиони евра, што е раст од 11,26 насто во споредба со преклани. Добивката растела уште побрзо – за 16,75 насто, достигнувајќи 9,5 милиони евра.
Но, зад овие бројки стои пазар во кој доминираат неколку големи играчи. Додека десетици компании се борат за свој дел од колачот, врвот е резервиран за брендови што со години ги полнат трговските центри, малопродажните салони и онлајн продавн…