Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ОД СРЕДА ВО МАРКЕТИТЕ – Намалените и гарантирани цени на храната со видна ознака

18 сеп. 2023 г.·2 мин читање·977 прегледи

Следете не на Viber

Голем број прехранбени производи од среда ќе имаат пониски цени за минимум десет проценти и ќе бидат видно означени во маркетите. Назнаката за гарантирана цена ќе стои до нив се до 30 ноември, кога истекува важноста на оваа владина мерка. Ова е своевидна гаранција дека до тој датум цените нема да се менуваат, односно нема да се зголемуваат.

Опфатени се голем број производи – пекарски, млечни, месо…, а листата ќе биде објавена по утрешната седница на Владата, на која ќе се усвои одлуката предложена од ресорното Минстерство, образложи министерот за економија, Крешник Бектеши. Станува збор за артиклите кои најмногу се купуваат од страна на граѓаните, односно списокот е преземен од Државниот завод за статистика.

Сите анализи се направени за поевтинување на производите, а репер за тоа се ценовните нивоа од први август.

Исто така, забранета ќе биде и акциската и промотивната продажба, но не целосно. Тоа ќе биде можно само за артиклите на кои набрзо им истекува рокот на траење, но и ова ќе се допрецизира утре.

Воедно, преку Бектеши, Владата ги повика компаниите до среда сами да предложат цени на артиклите кои би се намалиле за дест отсто.

Од среда Државниот пазарен инспекторат ќе има засилени теренски контроли. Притоа, новина е што инспекторите имаат право да изречати и забрана за работење, а не како досега само парична казна.

Клучни зборови

  • владини мерки
  • замрзнување на цени
  • намалување
  • прехранбени производи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk