Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА поевтини тестенини за 15, а млечните производи за 10 проценти

10 мар. 2023 г.·4 мин читање·737 прегледи

Следете не на Viber

Се намалува продажната цена на тестенините, односно на макароните и шпагетите за 15 отсто или во просек за осум до девет денари. Се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти. Се замрзнуваат и цените на млечните производи: трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт. Цените се намалуваат за десет отсто, а одлуката важи од 16 март до 31 мај, соопшти денес премиерот Димитар Ковачевски.

Корекциите се предвидени за цените кои во трговијата важеле на први март. Како пример министерот за економија, Крешник Бектеши го посочи млекото – ако на првиот ден од месецот чинело 76 денари, од идната недела треба да е поевтино за 7,6 денари.

Тестенините се увезуваат, односно немаме домашно производство. Деталните анализи направени во ресорното Министерство покажале дека со постојните царински давачки моменталната цена на макароните 49,3 денари, по нивното укинување треба да чинат 41,8 денари. Но, кога ќе се земат предвид и маржте, се очекува намалување на цената за уште неколку денари.  само со укинување царински давачки, а очекуваат и повече заради маржите.

Бектеши им порача на производителите на млеко и плечни производи да не вршат притисок врз кооперантите. Како што рече, анализите се прецизни, и согласно маржата имаат простор од 20 проценти да калкулираат со цените, при што ќе немаат загуби, туку само помал профит.

Доколку идната недела се забележи дека нема намалување на цените, ќе следат нови одлуки, најави министерот, додавајќи дека тоа „не е закана, туку одговорно однесување на Владата во време на криза“, при што очекува соработка и солидарност од стопанствениците.

Според него, ќе се разгледуваат можностите за регулирање на цените на јајцата, шеќерот и домашниот ориз.

Познато е, на крајот од февруари Владата ја укина субвенционираната струја, па износот од 500 илјади евра што се издвојуваше за таа намена е пренаменет за директно намалување на цените на основните прехранбени производи.

Производителите на тестенини, како и на млеко и млечни производи искажаа незадоволство од владините потези уште кога оваа мерка беше во најава, инсистирајќи дека власта не треба да се меша во нивната работа, воопшто во стопанството. Ќе бидеме во загуба – е првата нивна реакција, на која се надоврза и заканата дека ќе ја намалат испораката во маркетите. Сепак, во трговијата, и пред официјалната владина одлука, можеа да се забележат коригирани цени.

Што се однесува до производителите на млеко и млечни производи, тие посочија дека поевтинување веќе има кај млекото, сирењето, урдата, кашкавалот. Како што велат, наметнувањето на мерката за замрзнување ќе им ги зголеми проблемите во покривањето на трошоците, при што се повикуваат на нестабилноста присутна кај цената на  суровината.

На релацијата Влада – производители има препукувања. За првите, сите мерки иако се во интерес на граѓаните, не се на штета на производителите, кај кои само се намалува добивката, односно не се втурнати во загуба. За вторите, пак, ова се популистички мерки со краткотрајни позитивни ефекти за оние на кои им се наменети, наспроти долготрајните последици што ќе ги трпи пехранбената индустрија.

Стручната јавност веќе некое време препорачува интервенции кај маржата, акцизите и ДДВ. Сметаат дека мерките и покрај тоа што се задоцнети, сепак ќе ја олеснат делумно живеачката на обичниот граѓанин. Освен тоа, експертите го нагласуваат и податокот дека речиси цела година паѓаат цените на храната според индексот на ФАО, но тоа не се рефлектира врз домашното производство, со што се оправдуваат владините потези, наменети за оние кои се стремат кон што поголем профит.

За пример се посочува Франција, каде што пред неколку дена, во договор меѓу властите и трговците на мало стапи во сила кварталот против инфлацијата. Што во практика значи цени „на најниско можно ниво“ до јуни, како што рече францускиот министер за финансии, со што се опфаќа широк спектар прехранбени производи, по избор на трговците, кои се согласиле во случајов да го понесат товарот, односно да ги сносат трошоците за оваа мерка.

Клучни зборови

  • замрзнати цени
  • млекопроизводство
  • прехрамбен сектор
  • стандард
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk