Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Осигурување

Од продажбата на полиси во „СН Брокер“ се слеале 5,3 милиони евра

11 мар. 2024 г.·2 мин читање·948 прегледи

Следете не на Viber

Позитивни се резултатите од минатогодишното работење на битолското акционерко друштво „СН Брокер“. Сепак, освен кај приливите, раст има и кај одливите на средства, па добивката е пониска од остварената во 2022 година.

Во дванаесетте месеци од 2023 реализирани се приходи од 367.987 илјади денари или речиси шест милиони евра. Во однос на 2022 е забележан раст од 22,37 процент. Според податоците наведени во неревидираниот биланс на успех, во структурата на вкупните приходи најголемо е учеството – од 88 отсто, на приливите од продажбата на полиси. Во тој сегмент годишното зголемување изнесува е 18 насто, а се работи за износ од 325.914 илјади денари (близу 5,3 милиони евра).

Нагорното поместување е поголемо на расходната страна, 32,14 насто. Оттаму, единечните вкупни расходи изнесуваат 319.580 илјади денари (скоро 5,2 милиони евра).

И покрај тоа, „СН Брокер“ бележи добивка, но помала за 27,5 проценти во споредба со постигнатото во 2022 година. Нето-добивката за 2023 година е 42.474 илјади денари или околу 690 илјади евра.

Минатата година оваа куќа реализирала инвестиции во основни средства од 165.398 илјади денари (околу 2,7 милиони евра), во најголем дел за нов сообраќаен центар, чија вредност е 133.781 илјади денари (речиси 2,2 милиони евра).

Битолски „СН Брокер“ годинава ќе ја заокружи првата деценија од формирањето, во која е развиена мрежа од 28 подружници со 106 вработени. Има покритие од одговорност од дејност на 2,5 милиони евра.

Клучни зборови

  • СН Брокер
  • финансиски резултати 2023
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk