Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Од понеделник на банкомат, а од вторник и на шалтерите на Комерцијална банка исплата на субвенции за тутунопроизводителите

19 апр. 2020 г.·2 мин читање·824 прегледи

Следете не на Viber

Тутунопроизводителите, клиенти на Комерцијална банка АД Скопје, од понеделник (20.04.2020), од 16 до 23 часот, на банкоматите на Банката ќе можат да ги подигнат субвенциите што им ги исплати Владата за минатогодишната реколта. Од вторник, секој работен ден до 14:00 часот корисниците на субвенции за производство на тутун ќе може да ги подигнат парите и на шалтерите на Комерцијална банка.

Со цел да се избегнат гужви во експозитурите и филијалите на Банката, а со тоа и да се минимизираат ризиците по здравјето на клиентите и на вработените од Коронавирусот Covid-19, државната помош на тутунопроизводителите кои немаат дебитна картичка Комерцијална банка ќе им ја исплати по азбучен ред, според првата буква од презимето во периодот од 21 до 24 април.

–  На 21.04.2020 (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите од А до Д

–  На 22.04.2020 (среда) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите од Ѓ до К

–  На 23.04.2020 (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите од Л до Р

–  На 24.04.2020 (петок) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите од С до Ш

Комерцијална банка aпелира до клиентите кои поседуваат дебитна картичка да ги избегнуваат шалтерите и да ги користат банкоматите за подигање на парите, како и електронското и мобилното банкарство за располагање со нив, кои им овозможуваат бесплатни трансакции 24/7. На тој начин ќе го заштитат сопственото и здравјето на другите граѓани.

Клучни зборови

  • исплата на субвенциите за тутун
  • Комерцијална банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk