Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Од Народна, преку Стопанска банка, во… – каде ќе ја продолжи кариерата Тони Стојановски?

5 јун. 2024 г.·2 мин читање·1137 прегледи

Следете не на Viber

Тони Стојановски не е веќе директор во Стопанска банка. Информацијата од само една реченица, со која од Банката соопштија за оставката на искусниот банкар, предизвика реакции и поттикна шпекулации.

За новонастанатата состојба, односно за промената во органите на управување, од Стопанска банка напишаа:

„Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје, Стопанска банка АД – Скопје известува дека на ден 03 јуни 2024 година г. Тони Стојановски поднесе оставка од позицијата член на Управен одбор и генерален директор за корпоративно банкарство на Стопанска банка АД – Скопје“.

Каде ќе ја продолжи кариерата и дали Стојановски ќе оди на повисока позиција во друга, исто така голема банка, веројатно ќе се дознае наскоро. Интересот на јавноста е голем, затоа што се работи за професионалец кој успешно извршува повеќе функции. Тој е магистер по економски науки од областа на монетарната економија, кој пред ангажманот во Стопанска, бил дел од тимот на Народната банка како генерален директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност. Во рамките на најстарата македонска банка прво ја извршувал функцијата генерален директор за управување со ризици, а потоа, од 2020 година па сѐ до завчера генерален директор за корпоративно банкарство. Од 2010 е и член на Управниот одбор на Стопанска банка.

Инаку, Стојановски е долгогодишен претседател на Одборот на директори на Македонска берза. Последен пат ја доби довербата од Собранието на акцонерите во април годинава. Исто така, потпретседател е на Македонската банкарска асоцијација.

Клучни зборови

  • директор за корпоративно банкарство
  • оставка
  • Стопанска банка
  • Тони Стојановски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk