Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

ОД НАРЕДНА ГОДИНА, ЗА САМО 30 ЕВРА, Македонците ќе летаат за Барселона, Лион и Штутгарт

18 дек. 2024 г.·3 мин читање·2287 прегледи

Следете не на Viber

Визер започна со продажба на авиобилети за Барселона, Лион и Штутгарт од скопскиот аеродром за следната летна сезона. Летовите Скопје-Барселона-Скопје ќе бидат два пати неделно, започнувајќи на 3 мај, по три пати неделно ќе се лета Скопје-Лион-Скопје од 1 мај и Скопје-Штутгарт-Скопје од 29 септември по три пати неделно.

Овие нови дестинации се прекрасна вест за македонските граѓани директното поврзување со овие градови ќе донесе бројни нови туристи и полесно патување за нашите граѓани.

Патниците на скопскиот аеродром, од 2025 година од после неколку години пауза, можат лесно да стигнат и да ја истражуваат Барселона, раздвижениот град познат по својата уникатна архитектура, богата историја и живописна култура. Лион, познат по својата кулинарска извонредност и историска значајност и задолжителна дестинација за љубителите на храна и љубителите на културата, и Штутгарт, познат по автомобилската индустрија и прекрасните паркови, кој нуди спој на современост и традиција, додека гостите од овие европски градови можат да ја истражуваат природата, историјата и кулинарството на Скопје и Македонија.

-Како ТАВ Аеродроми, воодушевени сме што можеме да го објавиме враќањето на Барселона како дестинација за одмор од скопскиот аеродром од 3 мај 2025 година, на која ќе сообраќа Визер, особено затоа што тоа беше најпосакуваната рута од нашите патници. Дополнително, освен до Барселона, Визер следната година ќе ги воведе и Лион и Штутгарт како нови дестинации од скопскиот аеродром, што ќе биде предност за сите бидејќи со ова се проширува мрежата на дестинации од скопскиот аеродром, мапата на авиолинии на Визер, како и опциите за патување за секој авантурист. Преку ова проширување на мрежата на авиолинии, со нетрпение очекуваме и целиме кон понуда на поголема удобност и подобрување на поврзувањето за нашите патници со светот”. – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Летовите до новите дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје може да се резервираат на официјалната веб-страница на Визер и преку мобилната апликација на авиокомпанијата. Основните цени почнуваат од само 24,99 евра за Штутгарт и 29,99 евра за Лион. Летовите од Скопје до Барселона се достапни по цени од 31,99 евра.

Во моментов, на скопскиот аеродром во лето оперираат 47 дестинации, а на охридскиот осум, додека, во зимскиот период 38 од скопски и четири од охридски аеродром.

Клучни зборови

  • Баарселона
  • визер
  • летови
  • Лион
  • скопски аеродром
  • Штутгард
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk