Анализа: Дали имаме малку, или многу давачки од платата?
Во европските земји, обично, кога се зборува за месечните примања, се мисли на бруто-плата. Тоа е она што, всушност, го добива работникот. Затоа, на пример, ако се отворат основните статистички податоци на Словенија, првичниот податок е бруто-заработувачката, а потоа може да се пребарува колку е нето-платата. Од таа разлика меѓу бруто и нето, најмногу важност има пензискиот придонес кој еден ден ќе ја дефинира идната пензија на секој што работел и кој издвојувал од својата заработка, независно дали тоа го правел сам – ако е некој самостоен трговец, или во негово име и за негова сметка го издвојувал работодавачот. Во некои земји, секако, важни се и здравствените придонеси и работниците имаат различни здравствен…