Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ОД ЛЕБОТ И ВАРИВАТА ПА СЕ ДО НОЌЕВАЊАТА поскапеле угостителските услуги во декември

10 јан. 2025 г.·2 мин читање·3211 прегледи

Следете не на Viber

За 6,1 процент поскапеле угостителските услуги во државата во период од една година. Најголеми се ценовните промени кај ноќевањата. По нагорна линија се движеле и цените на храната и на пијалаците во периодот декември 2023 – декември 2024 година.

На месечна основа, од ноември до декември индексот на цените на угостителските услуги е зголемен за 0,6 насто, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Исто така, се посочува дека кумулативниот индекс на цените за услугите од овој вид, во ланските 12 месеци е зголемен за 5,6 проценти споредено со состојбата од 2023 година. А, пак, во однос на декември 2023 е регистриран раст од 3,5 насто.

Од ноември до декември цените на храната застапена во угостителската понуда нараснале за 0,3, а годишната промена е измерена со 1,6 проценти. Најмногу поскапеле варивата – за 4,5 насто (месечно 0,1%), салатите за 5 (за еден месец 1,4%) лебот, чија цена на месечно ниво е повисока за 0,2, а на годишно за 5,4 проценти.

Статистиката му оди на рака на тврдењето дека угостителите најмногу ќарат на пијалаците. Алкохолните за еден месец поскапеле 0,8, а за една година 4,5 насто. За истиот месечен процент се повисоки цените и на безалкохолните пијалаци, со таа разлика што на годишно ниво се зголемени за 6,3 насто.

Во текот на декември цените на ноќевањата добиле дополнителни 1,3 проценти. Затоа, пак, за една година се поскапи за 22,8 насто.

Клучни зборови

  • Државен завод за статистика
  • ноќевања
  • пијалаци
  • храна
  • цени на угостителски услуги
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk