Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Од извршен Ацо Дудулоски стана неизвршен член на Одборот на директори на Современ дом

14 мар. 2025 г.·2 мин читање·2055 прегледи

Следете не на Viber

Виолета Дудулоска Алавања е новиот извршен член на Одборот на директори и овластено лице за застапување на прилепскиот Современ дом. На оваа позиција доаѓа откако Ацо Дудулоски престанал да ја извршува функцијата. Тој останува во највисокото тело на управување како неизвршен член.

За промените од компанијата информираат преку Македонска берза:

„Согласно одлуката од Одборот на директори на Современ дом АД Прилеп, членот на Одборот на директори г-дин Ацо Дудулоски престана да ја извршува функцијата како извршен член на Одборот на директори и овластено лице за застапување на Друштвото и во иднина функцијата член на Одборот на директори ќе продолжи да ја извршува како неизвршен член, до истекот на мандатот за кој е именуван. На истата седница г-ѓа Виолета Дудулоска Алавања е избрана за извршен член на Одборот на директори и овластено лице за застапување на Друштвото до истек на мандатот за кој е именувана како член на Одборот на директори“.

Во Одборот на директори се и Жаклина Серафимова како член и Коце Јанески – независен член.

Паралелно со оваа објава, на берзата се појави и известување од Македонијатурист за новоформираниот Управен одбор, во кој член е и Ацо Дудулоски. Во тамошната акционерска структура доминантен е Скопски пазар, каде што Современ дом е косопственик.

Што се однесува до работењето на Современ дом, минатата година ја заврши со добивка од 358 илјади евра. Фирмата заработува од издавање на сопствените објекти кои ги има во Прилеп, но и во други градови низ земјава. Таа дејност лани обезбедила приходи од 1,8 милиони евра.

Клучни зборови

  • Ацо Дудулоски
  • Виолета Дудулоска Алавања
  • Одбор на директори
  • Современ дом
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk