Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Од игрите на среќа Лотарија на Македонија во позитива од 118 илјади евра

5 апр. 2023 г.·2 мин читање·2371 прегледи

Следете не на Viber

Во текот на минатата година Група Лотарија на Македонија АД Скопје остварила позитивен финансиски резултат од 118,2 илјади евра, односно 7.229 илјади денари. И во споредба со 2021 постигнато е зголемување од 12 проценти.

Кај оперативната добивка е забележан раст од 15 насто и е во износ од 131,4 илјади евра (8.033 илјади денари).

Игрите на среќа на Лотарија и донеле вкупни приходи од 559,4 илјади евра (34.198 илјади денари), односно за 28 насто повеќе од претходната 2021. Во нивната структура со 99,69 проценти доминантни се оперативните приходи, кои за овој период се зголемени за 29 насто. А, пак, финансиските приходи, кои претставуваат само 0,3 проценти од вкупните приходи, бележат намалување.

Лани Лотарија евидентирала пораст од 34 насто во вкупните расходи, кои изнесуваат 426,3 илјади евра или 26.060 илјади денари, а финансиски расходи – нема.

Акционерите се откажале од дивиденда, бидејќи добивката од 2021 била распоредена за покривање на загубите манифестирани во текот на претходните години. Исто така, Лотарија лани во основни средства инвестирала 341,2 илјади евра (20.858 илјади денари). И, како што се наведува, целта е зголемување на приходите со капацитетите на постоечките ресурси со кои располага, а во рамки на актуелното деловно окружување.

Клучни зборови

  • игри на среќа
  • Лотарија на Македонија АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk