Глобалните и домашните услови, иселувањето… Што сѐ влијае врз бизнис-иницијативата во земјава и ја демотивира? Војни, немири низ светот. Германската економија се соочува со проблеми. Дома имавме двојни избори, а тоа е период во кој сите сегменти се во застој. Економскиот раст на државата е најнизок во регионот, и стандардот е на тоа ниво.
Па, дали се отпочнува бизнис во такви околности и опкружување? Да, но со намален интерес. Минатата година во Македонија се отворени 338 фирми помалку во споредба со 2023 година. А, пак, во 2023 година биле отворени 148 фирми помалку во однос на 2022 година. Таа година била подобра од 2021 година со само три нови фирми. По стагнацијата уследил пад.
Еве што покажуваат податоците од Бизнис Мрежа коишто ги анализира Пари.
СТРУГА И ОХРИД СЕ ПРЕД КУМАНОВО И ГОСТИВАР
Во текот на 2024 година се регистрирани 8.179 нови фирми. Од над седумдесет градови и поголеми населени места во Македонија, во петнаесет од нив бројот на фирмите отворени лани е троцифрен. Промени се забележливи кај првата петорка. Од првото до третото место редоследот е ист ̶ Скопје, Тетово, Битола. На четврто и петто место се Струга и Охрид, кои со бројот на новите фирми ги потиснаа Куманово и Гостивар.
Главниот град, каде што е населена половина држава, нема конкуренција ниту со новоформираните фирми, 3.326 н…