Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Од детски цртеж до мурал на новата фасада во ООУ „Стив Наумов“

30 окт. 2023 г.·3 мин читање·4463 прегледи

Следете не на Viber

 Аутомакедонија пред почетокот на школската година ја реконструираше фасадата во училиштето, а сега истата дополнително ја разубави со мурал

Аутомакедонија, водечката компанија за услуги поврзани со мобилитет и еден од најголемите дистрибутери на автомобили во Македонија, продолжува со своите иницијативи во поддршка на разновидни општествено одговорни проекти. А овој чекор додатно ја потврдува нејзината ангажираност како општествено одговорна компанија.

По донацијата за изградба на енергетско ефикасна фасада во ООУ „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда, Аутомакедонија го разубави овој проект со еден значаен мурал. Покрај тоа што учениците и вработените во училиштето добија подобри услови за едукација и работа, со овој проект учениците беа поттикнати да размислуваат на темата „Среќно детство во мојот зелен град“ и подготвија цртежи заедно со своите учителки како одговор на задачата. Избраниот цртеж е пренесен на новата фасада како мурал кој ќе ги потсетува учениците на позитивните вредности.

„Целиот проект го водевме неколку месеци, реконструкцијата како и сликање на муралот. Чест ни е што креираме дела кои влијаат на нашата заедница, секако во договор со општината Гази Баба и училиштето.“ – изјавуваат од Аутомакедонија.

Во минатите неколку месеци со реновирање на оваа фасада се постигна зголемување на енергетската ефикасност за минимално 20%, со кое се намалуваат вкупните трошоци за енергија во училиштето. Додека муралот и цртежите од учениците поттикнуваат размислување за еко-вредностите во денешното општество.

Оваа фасада и муралот се само дел од проектите кои Аутомакедонија како општествено одговорна компанија ги спроведува во рамки на својата стратешка определба за поддршка на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, воедно и сфаќање на еколошките вредности кај помалите генерации кои ја имаат моќта која им ја носи иднината.

Комерцијален текст

Клучни зборови

  • Аутомакедонија
  • ООУ „Стив Наумов“
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk