Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Од денеска нови правила за пренесување на готовина преку границите на ЕУ

3 јун. 2021 г.·2 мин читање·6204 прегледи

Следете не на Viber
Нови правила за контрола на пари во готово и вредни предмети што влегуваат и излегуваат од ЕУ стапуваат на сила од денеск, при што сите патници кои влегуваат или излегуваат од територијата на ЕУ ќе треба да пополнат декларација доколку носат 10.000 евра или повеќе во валути или еквивалент на таа сума во други валути, како и во други начини на плаќање како што се патнички чекови или меници.

Од Европската комисија наведуваат дека новото правило е дел од напорите на ЕУ во борбата против перењето пари и изворите за финансирање на тероризам.

Од денеска во ЕУ ќе се применуваат бројни измени што дополнително ќе ги заострат правилата и уште повеќе ќе го отежнат движењето на големи количини на „неоткриена“ готовина.

Прво, дефиницијата за „готовина“ според новите правила ќе се прошири за да вклучува златници и одредени други златни предмети.

Второ, царинските власти ќе можат да постапуваат и по износи помали од 10.000 евра, кога има индиции дека готовината е поврзана со криминална активност.

Конечно, царинските власти исто така ќе може да побараат изјава кога ќе забележат дека готовина од 10.000 евра или повеќе се испраќа без придружба од пошта или курир.

Новите правила ќе обезбедат надлежните органи и националните единици за финансиско разузнавање во секоја земја-членка да имаат информации потребни за следење и решавање на движењето на готовина која може да се искористи за финансирање на нелегални активности, заклучуваат од Брисел.

Клучни зборови

  • ЕУ граници
  • нови правила
  • пренесување на готовина
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk