Од денеска исплата на августовските пензии до 11.000 денари и за сите на банкомат
Sanja Momirovska1 мин читање
Августовските пензии ќе бидат на располагање преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31 август (вторник). За лицата кои не користат картички, пензиите ќе бидат исплатени етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19, објави ПИОМ.
Исплатата на шалтерите во банките ќе се врши во четири групи.
- За пензии со висина до 11 000 денари, исплатата ќе се врши на 31.8.2021г. (вторник)
- За пензии со висина 11 001-14 000 ден, исплатата ќе биде на 1.09.2021г. (среда)
- За пензии со висина 14 001-18 000 ден, исплатата ќе биде на 2.09.2021г. (четврток)
- За пензии со висина над 18 001 ден, исплатата ќе биде на 3.09.2021г. (петок)