Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Од денес по 30 минути протест за 30% повисока плата – 3.500 службеници бараат да се потпише колективниот договор

14 јан. 2025 г.·2 мин читање·4110 прегледи

Следете не на Viber

Триесет минути ќе протестираат, во другите часови од работното време ќе ги извршуваат обврските – 3.500 вработени во шест министерства и две државни институции денес стартуваат со јавното изразување на незадоволството од висината на платите. Конкретно, поради непотпишаните нови колективни договори за зголемување на нивните месечни примања за 30 проценти.

Денес од 11 до 11.30 часот работата ќе ја прекинат вработените во Државниот завод за статистика, во државниот Архив, во министерствата за култура, животна средина, европски прашања, дигитална трансформација, транспорт и врски и економија и труд. А, први претходно со штрајк реагираа вработените во Државното правобранителство.

Барањата не се нови, проблемот е долгогодишен, велат незадоволните вработени кои ја имаат поддршката на УПОЗ. Биле посочени и пред носењето на годинешниот Буџет. Оние што работат во министерствата укажуваат дека со одобрение на ресорните министри испратиле предлог колективни договори до Министерството за финансии. Кои предвидуваат додаток на плата во висина од 30 проценти.

Всушност, инсистираат на тоа што неодамна го добија нивните колеги од владината Служба за општа работа, од Генералниот секретаријат, дел од здравството, образованието и финансиите.

И додека тие велат дека власта ги игнорира нивните потреби и барања, од Владата изразуваат сомневање во политичката заднина на протестите, бидејќи пред да се исцрпат сите механизми се споменува штрајк. Исто така, оттаму велат дека до нив не биле упатени барањата за повисоки плати. На ова тврдење остро се спротивставуваат и незадоволните вработени и нивните синдикални претставници, кои нагласуваат дека испратените предлог колективни договори биле одбиени од Министерството за финансии.

Клучни зборови

  • државни службеници
  • колективни договори
  • повисока плата
  • протести
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk