Од денес нова државна обврзница и задолжување од 33,4 милиони евра
Маја Анастасова1 мин читање
Домашните инвеститори кои ќе вложат во новите државни обврзници што од денес котираат на Берзата, ќе добијат камата од 5,1 насто. Стапката е вообичаена за повеќето емисии на долгорочни обврзници што ги издала државата, а доспеваат за наплата по 15 години.
Последната емисија, која по барање на Министерството за финансии, денес ќе се појави на официјалниот пазар, на подсегментот берзанска котација, е во вредност од 2.055.600.000 денари (над 33,4 милиони евра). Издадени се 205.560 обврзници, чија номинална цена е 10 илјади денари. И не содржат девизна клаузула.
Со оглед дека како датум на издавање е заведен 13 ноември, кредиторите целосно ќе ги наплатат позајмените средства на 13 ноември 2040 година.