Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ОД ДЕНЕС – ЛЕБОТ, МЛЕКОТО, ЈАЈЦАТА… со замрзнати цени, ограничени маржи за над илјада производи

20 фев. 2025 г.·3 мин читање·3040 прегледи

Следете не на Viber

Над илјада производи од денес треба да бидат означени со „Помалку трошоци, повеќе за тебе“. Лебот, брашното, млекото, јогуртот, киселото млеко, јајцата и маслото за јадење имаат замрзнати цени. До крајот на април ќе чинат исто како и на први февруари. За овие производи маржата е ограничена на пет проценти.

Десетпроцентни се маржите за месото и месните преработки, за шеќерот, оризот, гравот, за тестенините, за сирењето, кашкавалот, маргаринот, путерот, кафето, соковите, конзервирниот зеленчук и овошје, како и за одредени алкохолни пијалаци. А, пак, добар дел од видовите свежо овошје и зеленчук ќе се продаваат со лимитирани маржи до 15 проценти, исто како и средствата за лична хигиена и бебешката храна.

Владините одлуки вчера беа објавени во „Службен весник“, а трговците треба да ги спроведат.

Сите производи треба да се достапни за потрошувачите. Не смее да се предизвика вештачки недостиг на намирниците. Паралелно со одлуката за ограничување на маржите и за замрзнување на цените, трговците од Владата добија обврска во маркетите да обезбедат најмалку 70 отсто од количината на продуктите во јануари.

Проверката за (не)почитувањето на мерките е задолжение на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, за кои однапред е најавено дека ќе бидат на терен. Казните за утврдените неправилности се движат до 20 илјади евра. Ако функционираат казните, ќе има и ред, сметаат потрошувачите.

Трговците се против ваквиот пристап во справувањето со скапотијата. По минатонеделното предупредување за отпуштање вработени и затворање маркети, што всушност беше и првиот јавен настап на новооснованата Стопанска комора на трговците, вчера изразија сериозна загриженост од донесената одлука. Реагираат дека не се работи за илјада, туку за три до четири илјади производи кои се опфаќаат со лимитираните маржи.

Исто така, и тие ја користат „картата“ граѓаните, па укажуваат дека „не се води сметка за приоритетите на граѓаните со пониски примања“, а како пример ја посочуваат групата на месни производи, каде што ќе се намалат цените и на луксузните артикли. А, тоа ќе им оди во прилог на тие што можат да платат, а не на ранливите категории. И повторно бараат средба со премиерот и со министерот за економија.

Цените на основните прехранбени намирници би требало да паднат, во просек, за десет проценти, изјави заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, посочувајќи дека на овој начин се заштитува стандардот на граѓаните.

Дел од граѓаните се скептични дека ќе почувствуваат какво било олеснување. Велат, сѐ е веќе видено и негодуваат што се замрзнуваат веќе зголемени цени. Други, пак, сметаат дека можеби и може да се случи извесно намалување, но никој не верува дека тоа ќе биде позначително. Исто така, сите реагираат – цените растат, а грамажата се крати, трговците секако се во ќар.

Дека замрзнувањето на нивото од први февруари е погрешно, сметаат и од опозициската СДСМ. Како што изјави пратеничката Сања Лукаревска, „власта требаше да се врати наназад неколку месеци и како репер да ги земе тие цени“.

Статистиката ги потврди поскапувањата. Цените на мало во јануари се зголемени за 5,2 насто на годишно ниво. А, трошоците на животот, односно инфлацијата е 4,9 проценти. И го намалува и онака нискиот стандард на граѓаните. Одделни економски експерти сметаат дека најпродуктивна мерка во вакви услови е замрзнувањето на цените, на подолг рок, заедно со зголемување на платите, почнуваји од минималната.

 

 

 

 

Клучни зборови

  • владини одлуки
  • групи производи
  • замзнати цени
  • ограничени маржи
  • стопанска комора на трговците
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk