Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Од даночните пријави 2021: Највисоката бруто-плата два милиони евра, осумгодишник најмлад милионер

27 фев. 2023 г.·3 мин читање·4689 прегледи

Следете не на Viber

Со годишна бруто-плата од 122,3 милиони денари, или речиси два милиони евра, Скопјанец е прв на листата по висина на примањата во 2021 година. Месечните приходи ги остварувал во трговијата на големо со производи од тутун. Овој податок е произлезен од анализираните даночни пријави, а согледувањата ги презентираше Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи. Притоа посочи дека највисоко рангираните бруто-плати се исплатени во производството на метални производи, одгледувањето свињи, во болниците, трговијата со фармацевтски производи, во управувачките дејности и компјутерското програмирање.

И највисоката капитална добивка во износ од 130,1 милион денари (2,1 милион евра) е на жител од Скопје. Потекнува од продажба на сопственички удел. Велешанец, пак, ја добил најголемата исплатена дивиденда од 203 милиони денари (3,2 милиони евра), во областа трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалаци и тутун.

Највисокото лично примање остварено врз база на извршена работа изнесува 121,8 милион денари на годишно ниво (1,9 милиони евра). Овие средства се од странство.

Со 12,6 милиони денари (204,6 илјади евра), жител на Ресен ја има челната позиција на списокот највисок доход од продажба на земјоделски производи. Додека врвот од листата според пријавен годишен бруто-доход го зазема Скопјанец со 244,2 милиони денари (близу четири милиони евра). Примањата во најголем дел се од плата, но и од дополнителни приходи од странство.

И во сегментот – доход од самостојно вршење дејност, предничат жителите на главниот град. Тука највисокиот износ е 102,4 милиона денари или 1,6 милиони евра. Првите десет позиции ги држат адвокати, нотари, угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија, лица од трговијата на мало со делови на моторни возила, малтерисување и производители на амбалажа од хартија.

Скопјаните се први во повеќе категории: најголем бруто-доход од закуп и подзакуп на имот за издавање земјиште, станови, деловни простории, превозни средства и друг вид имот – 37 милиони денари (600,8 илјади евра); од авторски права и други стварни права во износ од 22 милиона денари (357,2 илјади евра); по основ на право од индустриска сопственост – 5,5 милиони денари (89,3 илјади евра).

Исто така, и во игрите на среќа, најксметлии се жителите на Скопје: едниот со исплатени 41,1 милион денари (667,4 илјади евра) од Државната лотарија, а другиот стекнал добивка главно од обложувачници во износ од 31,3 милион денари (508,2 илјади евра).

Со пријавена странска пензија од годишни 5,8 милиони денари (94,1 илјади евра), меѓу пензионерите најдобростоечки е, исто така, Скопјанец. А, пак, лице од Тетово има највисок годишен бруто-доход од уплатени премии и исплатена осигурена сума – 2,9 милиона денари остварило (47 илјади евра).

Интересни се податоците од категоријата најмлад и највозрасен милионер. Во 2021 година една од даночните пријави се однесува на дете кое тогаш имало осум години. Од семејна пензија на сметката му се слеале 1.020.508 денари или 16.571 евро. Исто така, врз база на пензиските примања, лице на 96-годишна возраст остварило доход од 1,2 милиони денари (19,4 илјди евра).

Според Лукаревска, во однос на 2020 година зголемен е бројот на граѓани кај врвните прагови, односно 25 граѓани во 2021 оствариле приход од над 100 милиони денари (1,6 милиони евра), а 757 граѓани оствариле приходи во прагот од 10 до 100 милиони денари.

Воедно, директорката на УЈП посочи дека е во тек наплатата на ненамирените обврски и најави дека деновиве почнуваат со генерирање на даночните пријави за минатата година, при што апелираше до граѓаните да ги потврдат и коеигираат.

Клучни зборови

  • даночни пријави
  • најмладиот милионер
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk