Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Од цената на литар бензин државата ќарува дури половина

13 јул. 2021 г.·2 мин читање·2800 прегледи

Следете не на Viber

Она што на прв поглед паѓа во очи кога ќе се погледаат податоците на Регулаторната комисија за енергетија е што набавната цена и на бензинот и на дизелот не е ни половина од крајната цена!

Имено, околу 45 отсто од вкупната цена оди во државнaта каса, а граѓаните, покрај тие давачки и, секако, набавната цена на бензинот,  ја плаќаат и трговската маржа, складирањето и транспортот од складот до бензинската станица.

Бензинот БС-95 се набавува по цена од 31,778 денари за еден литар, а неговата малопродажна цена на бензинските пумпи е 72 денари. Од вкупната цена, за транспорт, складирање и маржа се плаќаат 6,269 денари, а останатите 33,953 денари одат во буџетот преку акциза, ДДВ, еколошка такса и износ за задолжителни резерви.

Во случајот со БС-98, набавната цена е 33,431 денар, а на бензинските пумпи ова гориво чини 74 денари. Транспортот, складирањето и маржата се 6,311 денари, а во државната каса одат 34,258 денари.

Цената на дизелот неделава останува непроменета. Според објаснувањето од Регулаторната комисија за енергетика, дизелот поевтинил на светскиот пазар, но растот на курсот на доларот го компензирал ова поевтинување и така цената останува непроменета. Набавната цена на дизелот, што се пресметува во крајната цена од 63 денари е 29,519 денари. Работењето преку склад, трговската маржа и транспортот се 6,041 денар, а остатокот од  27,44 денари се вкупните давачки кон државата од секој литар дизел.

Со новите цени 95-ката се продава за 72 денари за еден литар, а БС-98 има цена од 74 денари, цената на дизелот е непроменета и изнесува 63 денари за литар.

Целата анализа може да ја прочитете [ т у к а ]

Клучни зборови

  • Горива
  • држава
  • кар
  • половина
  • Цена
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk