Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Од берзанскиот преглед: Две компании го зголемиле профитот за повеќе од 1.000 проценти

28 мај 2024 г.·3 мин читање·1626 прегледи

Следете не на Viber

Од 94 компании што котираат на Македонската берза 66 го одработиле првиот годинешен квартал со добивка. Кој повеќе, кој помалку, но од нив 35 го зголемиле профитот во однос на истиот период лани. А, две друштва имаат натфрлања од над илјада проценти.

Зголемената добивка за цели 1.367,11 насто што ја бележи „Жито Лукс“, на прв поглед се совпаѓа со општото убедување дека е голем ќарот од „брашно и вода“. Сепак, зад големите проценти стои вредноста од 2.186.000 денари, односно 35,5 илјади евра. Една година претходно профитот изнесувал 149.000 денари, нашто над 2.400 евра.

„Раде Кончар – Апаратна техника“ е втората компанија што се издвојува по големиот раст на добивката – од 1.068,37 проценти. И во овој случај во игра не се големи бројки: 3.435.000 денари (55,8 илјади евра) во изминатот прв квартал наспроти 294.000 денари (4.770 евра) од ланскиот.

Под прагот на илијадарката е „Мода“ АД Свети Николе со 804,02 насто раст на добивката. Или, од минатогодишните 646.000 денари (10,5 илјади евра) на сегашните 5.840.000 денари (94,8 илјади евра).

Во друштвото на компании со највисок раст на профитот е и „Гранит“. Станува збор за исчекор од 794,98 процнети. Инаку, консолидираната добивка на овој градежник е 4.060.072 денари (66 илјади евра).

Оваа листа од пет компании завршува со „Единство“ АД Струмица и зголемувањето од 352,79 процнети, по што на крајот од првото тримесечје консолидираната добивка е во износ од 367.888 денари (речиси шест илјади евра).

Со висок раст на добивката што оди над сто насто има уште неколку друштва меѓу тие што котираат на Берзата, а најмалиот раст од 2,66 проценти е запишан во струмичката „Герас Цунев  Конфекција“.

Најголемиот пад на добивката, пак, е евидентиран кај МЗТ „Пумпи“. Од 16.201.000 денари (над 263 илјади евра) во првиот квартал од 2023, на 385.000 денари (6.253 евра) годинава. Намалувањето е за 97,62 отсто.

Минусот регистриран кај битолскиот ЗК „Пелагонија“ е 91,7 проценти. На 31 март добивката изнесувала 8.951.000 денари (145,3 илјади евра). Лани на истиот датум биле 107.847.000 денари (1,75 милиони евра).

На третото и четвртото место се „Тетекс“ и ТТК банка, каде што најголем акционер е тетовската компанија. Намалувањата кај нивните добивки се за 76,23, односно за 73,98 отсто. Или, профитот на „Тетекс“ е 1.327.000 денари (21,55 илјади евра), за разлика од ланските 5.583.000 денари (90,67 илјади евра). А, на ТТК банка 4.241.836 денари (околу 69 илјади евра) наспроти минатогодишниот износ од 16.303.627 денари (264,8 илјади евра).

Падот кај „Фруктал Мак“ е за 72,56 проценти. Добивката се „спуштила“ на 1.078.000 денари (17,5 илјади евра) од лани остварените во истиот период – 3.928.000 денари (63,8 илјади евра).

Со намалена добивка за повеќе од 50 проценти се уште две фирми. Најмалиот минус од 5,11 отсто е на тетовскиот „Интерпромет“.

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • Македонска берза
  • најголем пад на добивка
  • најголем раст на добивка
  • прв квартал 2024
  • преглед на финансиски податоци
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk