Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ОД АПЛИКАЦИЈА ЗА ЗАБАВА ДО СОЗДАВАЊЕ НАСИЛСТВО: Дали Македонија ќе го забрани ТикТок за да спречи поголеми инциденти?

24 дек. 2024 г.·3 мин читање·1641 прегледи

Следете не на Viber

Од скромните почетоци како кратка апликација за синхронизација на музика, ТикТок го зафати светот. Цврсто се вгнезди во животите на милиони деца и тинејџери ширум светот. Додека на површината изгледа како безопасна апликација исполнета со танц, пеење и лајф хакери, се појави мрачна страна. Во изминатите години видовме зголемена загриженост за влијанието што го има врз менталното здравје и благосостојба на децата и младите.

И во Македонија неодамна најмалку 20 деца настрадаа од  вознемирувачкиот предизвик на ТикТок. Најмалото имаше само осум години, дел од децата имаа и скршеници, а шокатно беше дека голем дел од нив се повредија во училиште.

Потегот на Албанија за едногодишна забрана на ТикТок, по смрт на тинејџер, се усогласува со растечкиот меѓународен тренд каде земјите наметнуваат забрани, ограничувања или делумни ограничувања на ТикТок, обично поради загриженост за приватноста, безбедноста или етички причини и дека претставува ризик за приватноста.

Но кои се размислувањата на надлежните во Македонија, дали би го забраниле или ограничиле ТикТок и кај нас после сите случувања изминатиов период, со цел спречувања на поголеми инциденти.

По последните случувања во Албанија, убиството на 14-годишното момче и следствено на тоа, воведената рестрикција на ТикТок, јавноста во Македонија бара забрана на содржини кои поттикнуваат насилство на мрежата Тик-Ток и регулирање на содржините на другите социјални мрежи кои ги користат малолетници.

Сепак, релевантните институции во земјава не размислуваат за делумна или целосна забрана на ТикТок и покрај штетните последици од оваа платформа.

Од Министерството за дигитална трансформација посочија дека ја следат состојбата, но и дека немало докази за користење на ТикТок за извршување на кривични дела, што според Законот за електронски комуникации е предуслов за преземање на мерки за забрана. Македонија засега не размислува ни за делумно, ни за целосно забранување на некои од социјалните мрежи, а според министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски за проблемот ќе се разгледуваат начини за едукација на децата и родителите.

– Подготвуваме препораки, кои ќе ги пратиме до сите основни и средни училишта во државата, за димензионирање на услугите што се нудат на овие мобилни апликации. Сепак, главната одговорност ја имаат родителите. Секој паметен уред има системи за заштита на децата, може да се вклучат тие системи. Тоа може да го направи секој родител, може да го направи и на домашните уреди и на тој начин може да ги заштитиме децата од несаканите појави што се на Интернет. Апелирам до родителите, особено на децата во основното образование, веднаш да го направат тоа. Ако сакаат да се справат со овие закани, кои не се кривични дела, не е пропагирање на некое кривично дело преку апликациите, родителите да бидат повнимателни и да ги искористат забраните што постојат на мобилните уреди – изјави Андоновски.

Албанија е првата земја во регионот која ја забрани платформата ТикТок. Користење на апликацијата е делумно или целосно забрането во повеќе земи, како Канада, Данска, ЕУ, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Велика Британија, и САД. Во Франција на децата до 15 годишна возраст не им е дозволено да користат социјални медиуми, освен ако имаат дозвола од нивните родители.

Австралија неодамна го усвои најстрогиот закон за социјални медиуми во светот, забранувајќи им на децата под 16 години да користат каква било платформа.

Клучни зборови

  • забрана на апликација
  • македонија
  • насилство
  • предизвици
  • тикток
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk