Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Од 400 до 5.000 евра казна за несовесно чување и малтретирање на милениците

2 мај 2026 г.·2 мин читање·3391 прегледи

Следете не на Viber

Казни до 5.000 евра за суровост и 400 евра за несовесно чување куче – ова го носи новиот предлог-закон за благосостојба на животните, кој предвидува значително заострување на правилата за сопствениците и поголема контрола врз третманот на милениците.

Новото законско решение, подготвено од Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со институции и здруженија, има за цел да стави крај на долгогодишните проблеми со напуштање, неконтролирано размножување и несоодветна грижа за животните. Освен високите парични санкции, се воведуваат и строги ограничувања за сопствениците.

Една од најострите мерки е доживотната забрана за чување миленици за оние што ќе ги напуштат. Освен тоа, се забранува и неконтролирано размножување, продажба и давање на подарок домашни миленици.

ИСто така, ќе биде забрането кучињата постојано да се држат на ланец или затворени без да им се овозможи слободно движење најмалку еднаш дневно. Законското решение оди и кон сизбивање на одредени практики, односно не дозволува усмртување на животни за ритуални цели.

Во делот на контролата, се воведува задолжителна стерилизација, како и строги правила за одгледувачите. Секое легло ќе мора да биде пријавено кај ветеринар, а ќе се следи и каде се вдомуваат младенчињата. Дополнително, се ограничува репродукцијата – едно животно нема да смее да има повеќе од едно легло годишно.

Предлог-законот носи и нов пристап кон бездомните животни, преку формирање центри за трајно згрижување и вдомување, како и можност за времено сместување кај вдомувачи. Паралелно, ќе се воведе регистар за пансиони, продавници и одгледувачници, со засилен надзор не само од АХВ, туку и од комуналните инспекторати и полицијата.

Иако од Агенцијата за храна и ветеринарство тврдат дека предлогот е доставен до Министерството за земјоделство уште на почетокот на април, од таму велат дека таков документ не добиле. Во меѓувреме, најавени се јавни презентации низ земјата, со цел поширока дебата пред неговото евентуално усвојување.

 

Клучни зборови

  • домашни миленици
  • казни
  • предлог закони
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk