Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Берза: Од 2.862 нетрговски трансфери – 1.589 со акциите на Телеком

6 ное. 2023 г.·2 мин читање·4474 прегледи

Следете не на Viber

Од петок 27 октомври до петок трети ноември забележани се 2.862 нетрговски трансфер на акции на котирани друштва. На Македонска берза секојдневно се споделуваа податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност. Најголемиот број од акциите што по овој пат го смениле сопственикот, се на „Македонски телеком“, во два наврати. Инаку, сите трансферирани акции се обични.

Минатата работна недела се заокружи со објавата дека претходниот ден струмичкото акционерско друштво „Грозд“ извршило нетрговски трансфер на 42 обични акции.

Седмицата започна како и што заврши, скромно. Известувањето се однесуваше на 60-те обични акции од „Раде Кончар – Апаратна техника“, трансферирани во петокот.

Понатаму, активностите од овој вид се зголемуваа, а со тоа побројни стануваа и хартиите од вредност што со едноставен премин го менуваа сопственикот.

Следуваше информацијата дека извршен нетрговски трансфер на акции на котирани друштва: РЖ „Услуги“ АД Скопје – 218 обични акции; „Македонски телеком“ АД Скопје – 300 обични акции;  Стопанска банка АД Скопје – 160 обични акции; „Тетекс“ АД Тетово – 74 обични акции.

Првиот ден од месецот мина со берзанската вест за променетата сопственост на 194 акции од ГТЦ АД Скопје и на прилепскиот „Тутунски комбинат“- 117 обични акции.

Утредента, пак, се работеше за 20 обични акции на битолскиот Земјоделски комбинат „Пелагонија“ и за 13 акции на скопски „Алкалоид“.

Конечно, во петокот, објавата на Македонска берза беше подолга, содржи податоци за акциите од осум компании.

Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 02.11.2023 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:

Како подарок, наследство, по сила на судска одлука или договор за залог, трансфер е направен на 91 обична акција на „Алкалоид“; 25 на РЖ „Економика“; 136 на „Тутунски комбинат “ Прилеп; 27 на „Уготур“ Скопје; 1.289 на Телеком; 10 на РЖ „Техничка контрола“; 26 на РЖ „Интер-Трансшпед“ и 60 обични акции на „Скопски пазар“.

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • Mакедонски Телеком
  • Алкалоид
  • Грозд
  • ГТЦ
  • Македонска берза
  • нетрговски трансфери
  • Раде Кончар-Апаратна техника
  • Стопанска банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk