Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Од 2,5 до 3 евра за секое вложено евро – инвестицијата на државата во „Митилинеос“ ќе се врати и ќе се удвои

26 фев. 2024 г.·3 мин читање·6492 прегледи

Следете не на Viber

За секое вложено евро на државата во стратешката инвестиција „Митилинеос“, во буџетот ќе се слеат меѓу 2,5 и 3 евра. За 30 години државата ќе приходува меѓу 120 и 150 милиони евра само по основа на придонеси за вработените, персонален данок и данок на добивка, вели Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Вредноста на инвестицијата на реномираната грчка компанија „Митилинеос“ во когенеративната централа во новата зона „Енергија Скопје“ има вредност од околу 290 милиони евра. Со предлог-законот и договорот, кои се во собраниска процедура, финансиската поддршка од државата е дефинирана на 17%, што на оваа инвестиција изнесува помалку од 50 милиони евра за пет години. Со договорот „Митилинеос“ е обврзан да вложи во целокупната инфраструктура на локацијата, изградба на капацитет и на приклучоци.

– Компанијата е обврзана уште по првиот ден да ги плаќа сите давачки кон државата, вклучително придонеси за вработените, персонален данок и данок на добивка. Нема никакви ослободувања. Само по оваа основа, согласно деловниот план доставен за 30 години, државата ќе приходува меѓу 120 и 150 милиони евра, односно на секое евро вложено во проектот во буџетот на државата ќе се слеат помеѓу 2,5 и 3 евра – вели Деспотовски.

Условите за инвестицијата што ги овозможува државата од аспект на инфраструктура се вообичаени како и за преостанатите инвеститори. На локацијата „Железара“ дел од инфраструктурата постои и ќе се користи и за оваа инвестиција. Преостанува реализација на приклучна улица до парцелата во должина од приближно 500 метри. Инвеститорот, исто така, се обврзува и сам да финансира редовни и планирани ремонти.

Дополнително, земјиштето со површина од 11,5 хектари и целокупната изградена инфраструктура остануваат сопственост на државата.

– За користење на земјиштето инвеститорот ќе плаќа годишен надомест од 2 евра/м2 или вкупно 230.000 евра на годишно ниво. Само по основ за користење на земјиштето приходот за државата ќе биде седум милиони евра. Тоа се седум милиони евра повеќе за граѓаните од ова државно земјиште кое со децении стои неискористено – вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Педесетте милиони што ќе ги вложи државата во „Митилинеос“ ќе се вратат за 15 години, а во следните 15 години ќе се удвојат, велат експертите посочувајќи ги одредбите во предлог-законот и во договорот, кои се во собраниска процедура.

Клучни зборови

  • Енергија Скопје
  • Марко Бислимоски
  • Митилинеос
  • Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk