Во обложувалниците на „Лајф трејд“ минатата година дефинитвно се свртела најголемата сума и е направена најголемата добивка во овој бизнис – покажува анализата на „Бизнис Мрежа“. Обложувајќи се на својот омилен тим и чекајќи да „ќарат“ од прогнозата, граѓаните и овозможиле на „Лајф трејд“ да сврти сума од 86,8 милиони евра и да оствари добивка од 4,8 милиони евра.
Во ова трговски друштво што официјално е регистрирано во 2007 година во земјава, минатата година има пад на приходите за 2,3 % во однос на претходната година, додека кај добивката падот изнесува 8,3 отсто. Но и покрај полошите финансиски резултати сепак „Лајф трејд“ ги има најголемите приходи и добивка во бизнисот.
„Лајф трејд“, го имаат и најголемиот број на вработени, што во текот на минатата година стигнува до бројка од 916, која во однос на претходната година е зголемена за речиси пет отсто.
Во обложувалниците на „Делтабет“ е свртена втората најголема сума, додека пак казината „Апекс“ ја имаат втората најголема добивка во текот на минатата година.
Па така, во „Делтабет“, љубителите на обложувањето, од каде што доаѓаат најголемите приходи во компанијата, овозможиле низ рацете на вработените да се сврти сума од 49,5 милиони евра. Но, оваа сума направена во текот на минатата година е намалена за 3,9 отсто во споредба со претходната година. Додека, пак овие обложувалници лани прават добивка во износ од 1,3 милиони евра, што е зголемување за 11 отсто во споредба со 2018 година.
Во „Делтабет“, лани работеле 588 луѓе и нивниот број во однос на претходната година е зголемен за 29,2 отсто, што практично е најголем раст на ббројот на вработени во овој бизнис.
Обложувалниците на „Лајф трејд“ и казината на „Апекс МК“ в…