Во дваесет агенции за обезбедување во земјава што имаат најголеми приходи, минатата година се свртела сума од 36,6 милиони евра, што е за 7 милиони евра повеќе од претходната година. Ова го покажува анализата на „Таргет Груп“ за овој сектор. Истите дваесет агенции за обезбедување лани имале добивка во износ од 3,2 милиони евра, што во однос на претходната година е зголемена за повеќе од двојно, односно претходната година нивната добивка изнесувала 1,6 милиони евра.
Освен приходите и добивките, растел и бројот на вработените.
Во дваесетте агенции за обезбедување кои имаат најголем број вработени – минатата година работеле 4.545 луѓе, додека претходната во истите агенции имало 4.291 вработен.
НИКОБ ИМА НАЈГОЛЕМИ ПРИХОДИ И ДОБИВКИ, НО И НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ
Според финансиските резултати од последните две години, агенцијата за обезбедување НИКОБ ги прави наголемите приходи и добивки, но истовремено компанијата е и најголем работодавач во овој бизнис.
На нивната интернет страна е наведено дека оваа агенција е основана во 1995 година и воедно дека е првата компанија која е судски регистрирана во земјава.
Минатата година во оваа компанија се свртеле 14,4 милиони евра, додека годината пред тоа приходите изнесувале 10,9 милиони евра. Приходите што ги прави НИКОБ, се драстично поголеми од приходите на сит…