Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

OКТА со донација на фотоволтаична централа за градинката „Пепелашка“ во општина Центар

23 авг. 2023 г.·3 мин читање·1538 прегледи

Следете не на Viber

Како дел од активностите на компанијата во обележувањето на 45-годишниот јубилеј, ОКТА донираше фотоволтаична централа на детската градинка „Пепелашка“, лоцирана во скопската Општина Центар. Новата централа со вкупна инсталирана моќност од 20,5 kW (киловати) е поставена на покривот на градинката и ќе обезбеди нејзино снабдување со енергија од обновливи извори.

default

„Во рамки на нашата стратегија за општествена одговорност, оваа година во наш фокус е поддршката на три образовни институции преку донација на соларни централи, со цел да им помогнеме во надминување на предизвиците кои се резултат на енергетската криза. Придобивките од оваа донација се многубројни, бидејќи ќе овозможи градинката да се снабдува со чиста и обновлива енергија, со што ќе придонесе значително да се намали потрошувачката на електрична енергија, а истовремено ќе обезбеди и намалување на нејзиното влијание врз животната средина. На овој начин, ОКТА ќе ја поддржи заедницата, во напорите за изградба на одржлива иднина за идните генерации“, изјави д-р Ристо Јаневски, Директор на Енергетско планирање и развој во ОКТА, при официјалното пуштање во употреба на новата фотоволтаична централа.

Со континуирана работа фотоволтаичната централа треба да произведе до 25 MWh (мегаватчасови) обновлива енергија на годишно ниво, со што ќе се задоволи значаен дел од потребите на електрична енергија на градинката.

default

„Очекуваме дека со новата фотоволтаична централа значително ќе се намалат вкупните трошоци за електрична енергија на градинката, што ќе ни овозможи повеќе средства да вложиме во одржување на високиот квалитет на услугите за згрижување и едукација на децата. Сакам да ѝ се заблагодарам на ОКТА за нивната посветеност и беспрекорната реализација на овој особено значаен проект и истовремено да ги поканам и останатите компании да го следат нивниот пример и да ни помогнат во реализација на нашите планови за постигнување поголема енергетска ефикасност на сите јавни објекти на територијата на нашата општина. Општина Центар токму за поставување на фотоволтаични централи неодамна го основа и ТД „Енергија Центар“ за производство и продажба на електрична енергија. Верувам дека ваквите проекти ќе донесат голем бенефит и за генерациите после нас“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Во текот на оваа јубилејна година за ОКТА, компанијата ќе донира уште две фотоволтаични централи на образовни установи во земјава, како и еден соларен полнач и паркинг за велосипеди кој што ќе биде поставен на кампусот на УКИМ. До крајот на годинава, ОКТА има намера да започне и со реализација на инвестицијата за изградба на нова фотоволтаична  централа со моќност од 12 MW која ќе биде инсталирана во кругот на компанијата.

Комерцијален текст

Клучни зборови

  • OKTA
  • донација
  • окта
  • Општина Центар
  • ТД Енергија Центар
  • фотоволтаична централа
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk