Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Новото 100% електрично Korando, Korando и Musso низ терените на Барово

13 јул. 2023 г.·3 мин читање·1264 прегледи

Следете не на Viber

Аутомакедонија, водечкиот дистрибутер на корејскиот бренд SsangYong во Македонија, организираше “Off Road” настан за прв пат посветен на новинарите и го обележа влезот на новото 100% електрично Korando на македонскиот пазар. Турата на нерамен терен започна од салонот на Аутомакедонија, а SsangYong автомобилите беа испробани на еден поинаков терен, далеку од градските улици се до прекрасниот регион Барово. Присутните имаа можност да ги возат различните модели Korando и Musso и да ги испробаат нивните перформанси на рамен и нерамен терен, како и за прв пат да се запознаат со новото електричното Korando. Овој настан ја поддржува постојаната ангажираност на Аутомакедонија за нудење на квалитетни возила и иновативни решенија на македонскиот автомобилски пазар.

„Не случајно го одбравме Барово како идеален терен за презентација на SsangYong возилата како и одлична прилика да го претставиме новиот дел во нашето портфолио на возила – електричното Корандо. Ова иновативно возило нуди не само еколошки пријателско возење, туку и неверојатен комфор, простор и перформанси. Сигурни сме дека ќе им пружи неповторливо искуство на нашите клиенти и дека ќе ја задоволи нивната желба за модерни и напредни автомобили.“ – изјави Билјана Јанчевска, маркетинг менаџер на Аутомакедонија.

Аутомакедонија, со повеќе од 75 години постоење на македонскиот пазар, продолжува да биде предводник во промовирањето на иновациите и одговорноста кон околината, со посветеност да го понуди најдобриот избор на возила и услуги на македонските клиенти.

SsangYong е бренд кој носи корејски перфекционизам во своите автомобили. Изработени во Кореа, овие возила го обезбедуваат врвниот квалитет и иновации што се очекуваат од еден светски признат производител.

Клучни зборови

  • Korando
  • Musso
  • SsangYong
  • Аутомакедонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk