Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Новогодишната кампања на Телеком нè поттикнува вистински да се поврземе

23 ное. 2023 г.·2 мин читање·673 прегледи

Следете не на Viber
  • Меѓународната кампањата со порака: „Најубавиот подарок е кога сме вистински поврзани“ ќе се емитува во десет земји
  • Телеком повикува на поголема толеранција и единство

Меѓународната Новогодишна кампања на Дојче Телеком со  порака: „Најубавиот подарок е кога сме вистински поврзани“ прикажува типично празнично сценарио: семејство кое се собира за најубавата прослава во годината. Сите се радосни што повторно се гледаат и покрај малку чудните прашања и очекувања од страна на роднините. Но, само едно прашање е навистина важно: „Дали си среќен?“

Ова е првата меѓународна кампања под новиот слоган на Дојче Телеком: „Connecting your world”, а токму тоа е и симболиката на кампањата: вистински човечки врски коишто ни значат.

„За време на празниците се спојуваат различни генерации со различни  стилови на живот, што природно води до спротивни гледишта и очекувања, коишто честопати се искажуваат преку малку непријатни прашања“ – вели Урлих Кленке, Главен директор за бренд на Дојче Телеком. „Ние во Дојче Телеком се залагаме за различности, отвореност и толеранција. На сите треба да им биде дозволено да го живеат својот живот онака како што сакаат. Она што навистина е важно е длабоката врска којашто ја споделуваме со луѓето коишто ги сакаме и покрај разликите.“

Создавање емотивна блискост со искрени прашања

Приказната зборува за еден млад човек којшто доаѓа дома да го види своето семејство за Новогодишните празници. Наместо очекуваната радост и хармонија од семејната средба, тој е бомбардиран со прашања: „Кога веќе еднаш ќе го завршиш факултетот?“ „Најде ли девојка конечно?“ „Кога ќе добиеме внучиња?“

Расположението опаѓа сѐ до моментот кога неговата баба му го поставува најважното од сите прашања: „Дали си среќен?“ Во тој момент, оваа искрена врска помеѓу бабата и внукот фрла сенка врз сѐ друго.

Кампањата е создадена од Saatchi & Saatchi и промовира подлабока меѓучовечка блискост на еден весел и игрив начин.

Новогодишната кампања на Дојче Телеком се емитува во десет земји во Европа каде е присутна групацијата: Македонија, Словачка ,Германија, Хрватска, Црна Гора, Австрија и Полска, како и Романија, Република Чешка и Унгарија.

 Новогодишна кампања: YouTube

Клучни зборови

  • Mакедонски Телеком
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk