Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ново вложување во ТИРЗ – Турски „Шахтерм“ ќе инвестира 70 милиони евра

23 ное. 2023 г.·2 мин читање·1075 прегледи

Следете не на Viber

Турската компанија „Шахтерм“ ќе инвестира 70 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје. Компанијата ќе започне со реализација на инвестицијата идната година. Притоа, во план е отворање на повеќе од илјада работни места во текот на наредните десет години. Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во Бурса, меѓу директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, и генералниот менаџер на компанијата, Фарук Шахин.

Новата инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој. Тоа ќе преставува прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Република Турција.

„Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. Се вбројува меѓу петте водечки компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција.

Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.

Со постигнување на овој договор, од почетокот на годината во ТИРЗ е обезбеден вкупен обем на нови инвестиции од над 450 милиони евра, кои се можност за отворање над седум илјади нови работни места.

„Со денешната одлука, „Шахтерм“ станува нов член на семејството на ТИРЗ. Разговорите, посебно оваа последна рунда, не беа воопшто лесни. Но, она што е важно на крајот е одлуката на компанијата да инвестира во Македонија и да имаме нови 1.000 работни места за нашите сограѓани“, изјави Деспотовски при објавувањаето на одлуката во седиштето на компанијата. Тој изрази и благодарност до сите институции, како и до македонската амбасада во Анкара, за поддршката при разговорите со компанијата.

Клучни зборови

  • нова инвестиција
  • ТИРЗ
  • Шахтерм
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk