Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ново поскапување на горивата, еуросупер БС 98 ќе чини 84,5 денари/литар

21 фев. 2022 г.·3 мин читање·12214 прегледи

Следете не на Viber

Тензиите што ја опкружуваат Украина го комплицираат пазарот на нафта на кој побарувачката се заканува да побегне од понудата, а цените укажуваat на најтешките услови во последните години. Извршниот директор на Витол Груп, најголемиот светски трговец, во интервју за телевизијата Блумберг рече дека цените би можеле да надминат 100 долари за барел за постојани периоди.

Во меѓувреме, цената на нафтата падна, па потоа закрепна откако Џо Бајден и Владимир Путин се согласија на самит за Украина, нудејќи надеж за смирување на тензиите што ги зафатија енергетските пазари.

Случувањата со нафтата на глобално ниво директно се одразуваат и на цената на горивата кај нас. Еднонеделната корекција донесе нови цени и тоа повторно повисоки.

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,56% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати од 14.02.2022година, објави Регулаторната комисија за енергетика. Два фактори ја опредлуваат цената на горивата кај нас, цената на нафтата на светските берзи и однос долар денар.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за 0,508% или за 4,550 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 0,092% или за 0,750 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 0,337% или за 2,700
$/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,389% или за 2,300 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,2907 ден/$ и е за околу 0,657 % повисок од курсот на доларот (53,9362 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,56%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.02.2022 година.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од 14.02.2022 година.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 82,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 84,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 46,921 (денари/килограм)

Клучни зборови

  • Горива
  • нова цена
  • РКЕ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk