Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски ФондовиФондови

Ново покачување на пензиите за 0,4% од 1-ви јули 2019

23 авг. 2019 г.·2 мин читање·169 прегледи

Следете не на Viber

Во соопштението на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на РСМ, стои дека согласно членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и  инвалидското осигурување (Сл.весник на РСМ 245/2018год.) и објавата за движење на трошоците за живот во РСМ (“Сл. весник на РСМ“ бр.140/2019), пензиите остварени до 30 јуни 2019, од 1-ви јули 2019 се усогласуваат со покачување од 0,4%.

Висина на пензиите од 1-ви јули 2019

Минималната пензија, според пресметките пораснува за 36 денари или на 8.971 денари, додека просечната пензија се зголемува за 58 денари или на 14.530 денари.

Најниските пензии во Северна Македонија се земјоделските минимални старосни и семејни пензии. Тие од 1–ви јули 2019 година изнесуваат 6.862 денари.

Додека највисоките пензии пак, од 1-ви јули 2019 изнесуваат 51.803 денари.

Меѓудругото, надлежното Министерство за труд и социјална политика соопшти дека презема континуирани активности за подобрување на статусот на пензионерите.

Статистички параметри

Земајќи ги предвид статистичките параметри, споредено со јули 2018 година, минималната пензија изнесувала 8.716 денари, просечната пензија 14.145 денари, а највисоката пензија 49.360 денари. Согласно ова, минималната пораснала за 255 денари, просечната за 386 денари, а највисоката за 2.443 денари во јули 2019 година споредено со јули 2018 година.

Додека, споредено за 3 години кај просечната пензија, таа изнесувала 13.754 денари во 2016, 13.954 денари во 2017, 14.421 денари во 2018 и 14.530 денари во 2019 година.

Повеќе во соопштението на ФПИОСМ.

Клучни зборови

  • пензии
  • ФПИОСМ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk