Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен РазвојФинтек

Ново инклузивно мултифункционално спортско игралиште во Куманово – инвестиција во младите и заедницата

9 јун. 2026 г.·2 мин читање·341 прегледи

Следете не на Viber

Во среда, 3 јуни, во дворот на ООУ „Браќа Миладиновци“ во Куманово свечено беше  пуштено во употреба новото мултифункционално спортско игралиште, реализирано со поддршка на финансиското друштво Flex Credit како генерален спонзор и донатор на проектот.

Новото игралиште ќе го користат учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Крсте Мисирков“, а неговата посебна вредност е инклузивниот пристап што овозможува активно користење и од страна на учениците од помошниот ресурсен центар за деца со посебни образовни потреби. Со тоа се создава безбеден и достапен простор каде сите деца ќе имаат можност за спорт, рекреација и дружење.

По повод отворањето беше организиран ревијален натпревар во рамки на програмата „Забавни мини спортови“, преку кој учениците  ги претставија можностите на новите терени за кошарка, одбојка и ракомет, под менторство на наставниците по физичко образование.

На настанот  присуствуваа претставници на училиштата, Општина Куманово, ЈП „Куманово План“, како и претставници на менаџментот на Flex Credit.

Проектот е реализиран во рамки на платформата за општествена одговорност на компанијата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, преку која Flex Credit инвестира во иницијативи што создаваат долгорочна вредност за локалните заедници.

„За нас ова е многу повеќе од донација. Преку платформата ‘Повеќе од финансии – поддршка за заедницата’ сакаме да оставиме трајни позитивни промени таму каде што се најпотребни. Веруваме дека секое дете заслужува квалитетен простор за игра, спорт и развој, а особено ни е драго што ова игралиште ќе биде достапно за сите деца без исклучок. Ова е инвестиција во младите, во нивното здравје, другарство и иднина“, изјави Тина Трпковска, маркетинг директор на Flex Credit.

Во знак на благодарност за поддршката и придонесот во реализацијата на проектот, на претставниците на Flex Credit  им бише врачена благодарница од страна на раководствата на училиштата.

 

Клучни зборови

  • Flex Credit
  • Куманови
  • мултифункционално спортско игралиште
  • ООУ „Браќа Миладиновци“
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk