Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Запознајте ги Курилските острови во Русија-новата офшор зона за богатите

23 авг. 2021 г.·3 мин читање·1322 прегледи

Следете не на Viber
Овие огнени острови со вулкани, гејзири, езера со врела вода и со црн песок се предмет на ништо помалку жешки децениски, ако не и вековни, спорови помеѓу Русија и Јапонија. Ова место со неземска убавина истовремено е сурово опкружување за животот на луѓето.
Архипелагот познат како Курили е составен од 56 острови во Тихиот океан кои се распослани од рускиот полуостров Камчатка до јапонскиот остров Хокаидо.

Русија сега има намера да формира слободна даночна зона на Курилските Острови, изјави вицепремиерот Јуриј Трутњев во интервју за весникот РБЦ. Курилските Острови се наоѓаат на рускиот Далечен Исток во близина на полуостровот Камчатка – Тоа практично ќе биде офшор зона.

Со други зборови, речиси и да нема да има даноци на Курилските Острови, откри тој, додавајќи дека ниту компаниите, ниту луѓето што ќе вршат инвестиции и комерцијални активности на островите нема да мора да плаќаат данок. Се уште се разговара за точните износи на преостанатите такси што би се платиле, истакна Трутњев. Тој, исто така, изјави дека било предложено да нема даночни инспекции во тој регион најмалку десет години. Минатата недела, рускиот премиер Михаил Мишустин им нареди на надлежните органи да поднесат предлози за специјална даночна шема за Курилските острови до 1 септември. Според текстот, организациите што работат на островите треба да бидат ослободени од плаќање данок на добивка, данок на додадена вредност (ДДВ), данок на имот, како и даноци за земјиште и транспорт.

Покрај тоа, намерата е да се воведат пониски задолжителни плаќања за премии за осигурување по стапка од 7,6 проценти. „Потребна е посебно упатство за дополнителни мерки за поддршка на претприемачите во регионот Сахалин. Зборуваме за воведување на посебен даночен режим на територијата на Курилските Острови “, рече Мишустин, се вели во соопштението на владината прес -служба. Според него, планот вклучува создавање слободна царинска зона на Курилските Острови, што е неопходна мерка за поддршка на производителите кои ќе увезуваат стока и опрема на островите.

Ќе остане во сила оданочувањето на физичките лица во однос на персоналниот данок на доход, како и данокот за производство на акцизни стоки, за уловот на рибарските вредни биолошки ресурси и за активностите за финансиско посредување. Премиерот рече дека новите мерки се клучни за луѓето кои работат на Курилските Острови, за да не губат време со пополнување документи и да имаат единствени економски услови поради климатските услови и работата на островите.

Клучни зборови

  • Курислки острови
  • оф шор
  • русија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk