Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Новите станови ќе се купуваат со повластените 5% ДДВ до крајот на 2028 година

27 дек. 2025 г.·2 мин читање·7373 прегледи

Следете не на Viber

Повластената стапка на ДДВ од 5 насто за прво купување новоизграден стан што исклучиво ќе се користи за домување – ќе важи и по 1 јануари 2026 година, а сѐ до 31 декември 2028 година. Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност.

„Согласно измените на Законот, рокот на примена на повластената стапка од 5% на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој тие се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата се продолжува од 1 јануари 2026 година до 31 декември 2028 година.

Согласно постоечкиот Закон, беше предвидено повластената стапка на ДДВ од 5% на новоизградени станови да се применува до 31 декември 2025 година“, соопштија од Министерството за финансии.

Со оваа поволност се влијае врз градежниците, односно врз цената на новите станови и врз стандардот на граѓаните. Како што можеше да се слушне од собраниската говорница, зависно од локацијата и од цената на станбениот квадрат, за стан од 70 метри квадратни купувачот може да заштеди и до 15 илјади евра.

Ваквата практика на петпроцентно ДДВ датира од 2010 година и досега во неколку наврати е продолжуван рокот на примената.

Клучни зборови

  • ДДВ
  • закон за данок на додадена вредност
  • Министерство за финансии
  • нови станови
  • повластена стапка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk