Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Новиот гувернер е избран – Трајко Славески влегува во Народната банка

29 мај 2025 г.·3 мин читање·5218 прегледи

Следете не на Viber

Универзитетскиот професор Трајко Славески е шестиот гувернер на Народната банка на Македонија. Парламентарното мнозинсто со 68 гласови „за“ и 16 „против“ го верификуваше неговиот седумгодишен мандат.

Пратениците не ја оспоруваа стручноста на Славески, но опозицијата реагираше на неговите ставови и на поврзаноста со ВМРО-ДПМНЕ. Како што нагласија, тоа може да се одрази, односно да ја загрози независноста на Народната банка.

Славески на оваа  функција преминува од претседателското столче во Советот на Град Скопје, каде што влезе по изборите во 2021 година како носител на советничката листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Професор е на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што и самиот ги минал сите образовни нивоа – додипломски студии (1983), магистртура (1988) и докторат (1997). Во меѓувреме бил на пост-дипломски студии на Калифорнискиот државен Универзитет во Чико, САД (1986/87) и на Универзитетот Харвард (1989/90).

Славески бил визитинг професор на државниот Универзитет во Аризона во 1997 година. Во периодот 1999-2006 година предавал на последипломскиот студиум South Easteren European Studies на Националниот и каподистриски Универзитет во Атина, Грција.

Фокусот на неговите предавања и истражувања се макроекономијата, меѓународните финансии, транзицијата на економиите од социјализам кон пазарен систем, и економските политики во земјите во развој. Автор е на голем број научни трудови, публикации и учесник на меѓународни конференции. Во текот на криерата соработувал и со меѓународни институции како Светска банка и УНДП, особено во областа на реформите и стратегиите за економски развој.

Коавтор е на првата антиинфлаторна програма што се изработи и усвои во рамките на монетарното осамостојување на Македонија во април 1992 година. Исто така, беше министер за развој и за финансии.

Славески е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, кој учествувал во изработката на програмските документи на партијата.

Согласно член 50 од Законот за Народната банка, гувернерот за време на мандатот не смее да е поврзан со политичка партија:

„Гувернерот и вицегувернерите на Народната банка се професионално ангажирани во Народната банка, не смеат да имаат друг работен ангажман без оглед дали за тоа добиваат надоместок или не, освен ангажман како универзитетски професор или ангажман во научноистражувачка институција, или времен ангажман во меѓународна финансиска институција, не смеат да бидат сопственици на капитал во финансиска институција во Република Северна Македонија и за време на мандатот не смеат да бидат членови на политичка партија или синдикат“.

Славески доаѓа на местото на Анита Ангеловска-Бежоска, која како прва гувернерка раководеше со Народната банка во изминатите седум години. Претходно гувернери беа Димитар Богов (2011-2018), Петар Гошев (2004-2011), Љубе Трпески (1997-2004) и Борко Станоевски, последниот гувернер од југословенско време и првиот во самостојна Македонија.

Клучни зборови

  • гувернер
  • Народна банка
  • Трајко Славески
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk