Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Сменети правилата за тргување на Македонска берза

18 фев. 2022 г.·2 мин читање·1244 прегледи

Следете не на Viber

Одборот на директори на Берзата, на седницата одржана на 25.01.2022 година, донесе Одлука за измени и дополнувања на Правилата за тргување на Македонска берза, за која е добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност со Решение бр. УП1 08-6 од 09.02.2022 година.

Главниот дел на овие измени и дополнувања е во насока на воведување на нова верзија на БЕСТ системот која содржи нови видови на налози за тргување („пазарен во лимитиран налог“ и „стоп налог“), кои ќе им овозможат на клиентите подобро реализирање на нивните инвестициски цели на пазарот. Воедно се вршат и измени во поглед на максималниот рок на важност на налозите за тргување (истиот се скратува од 90 дена на 30 дена) и се врши укинување на налогот по најповолна цена.

Воедно, се вршат измени и дополнувања во Анекс 3 на Правилата за тргување, во делот кој се однесува на постапката при продажба на сопствени акции по пат на јавна понуда во поглед на допрецизирање на определувањето на моделот за продажба, начинот на определување на продажната цена, како и прецизирање на постапката при јавна понуда при нова емисија и при продажба на сопствени акции за која не е потребна претходна согласност од КХВ.

Исто така, измени и дополнувања се вршат на Анекс 2 и Анекс 4 од Правилата, во насока на предвидување на посебни услови за стекнување на акции од страна на купувачите во јавна берзанска аукција на акции во сопственост на државата и јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети.

Покрај наведеното, се вршат и неколку измени и дополнувања од техничка природа.

Клучни зборови

  • Македонска берза
  • нови правила
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk