Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

НОВИ ЦЕНИ: Горивата поевтинуваат за половина до 1,5 денари за литар

24 авг. 2021 г.·2 мин читање·2326 прегледи

Следете не на Viber

Горивата поевтинуваат за половина до 1,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 отсто.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за еден денар по литар и ќе изнесуваат 70,5, односно 61 денари за литар.
ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 1,5 денари за литар и ќе чини 72 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денар по литар и ќе изнесува 61,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,751 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 35,930 денари.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа за околу 3,794 отсто кај бензинот и за околу 2,287 отсто кај дизелот, како и за 0,043 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Клучни зборови

  • Горива
  • нови цени
  • поевтини
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk