Нови 8902-ца пензионери минатата година. Државата пресметала дека, заедно со нив, бројот на пензионери во земјава заклучно со декември се искачил на 335,743-ца. Просечната пензија последниот месец од годината изнесувала 17,727 денари и во однос на јануари е повисока за 1,430 денари, пресметал Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Но, што друго им донесе минатата година на оваа категорија на граѓани?
Со септемвриската пензија пензионерите добија зголемување за 6,8 проценти; за прв пат во март месец беше исплатена пензија од над 60 илјади денари која со покачувањето на пензиите во декември стигна до 64,394 денари; обезбедена беше и директна државна помош од 3,000 денари исплатени во април, мај и јуни.
И во 2022-ра постои огромен јаз меѓу најниската и највисоката пензија, па и бенефициите различно се чувствуваат. Всушност ако се земе дека најниската пензија според статистиката на ПИОМ во делот најниски пензија изнесува во декември лани 10,975 денари, а највисоката 64,394 денари разликата покажува дека пензијата што некој пензионер ја зема за еден месец…