Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Нови 20 стипендии од Групацијата Лимак за иницијативата Global Engineer Girls

21 фев. 2024 г.·3 мин читање·657 прегледи

Следете не на Viber

Во рамки на иницијативата Global Engineer Girls (GEG), Групацијата Лимак продолжува со поддршката за младите жени и девојки од земјава кои сакаат да стекнат знаења, практично искуство и да изградат кариера во областа на науката, технологијата и инженерството – позната како СТЕМ област.

И оваа година, втора по ред, Групацијата Лимак, преку GEG North Macedonia, ќе обезбеди стипендии за 20 девојки и млади жени кои се запишале и студираат на техничките факултети при државните универзитети во земјава. Процесот за аплицирање за добивање стипендии започна на 8 февруари 2024 и ќе трае до 23 февруари 2024 година, а сите детали околу процесот кандидатките можат да ги добијат на веб-стрaницата: https://northmacedonia.globalengineergirls.com

Покрај финансиската поддршка, GEG North Macedonia на идните жени-инженери дополнително ќе им обезбеди и можности за практикантска работа, учество во менторска програма и обуки за развој на дигитални и друг вид „меки“ вештини.

Целта на иницијативата GEG е да се залага за родова еднаквост и јакнење на жените во општеството, применувајќи пристап на инклузија и соработка, како и интегрирање на вклученост од јавниот и од приватниот сектор, на домашно и меѓународно ниво.

„Задоволни сме од интересот и вклученоста на локалната заедница во GEG North Macedonia откако ја започнавме иницијативата речиси пред две години. Успесите што ги постигнуваат младите жени кои веќе се дел од оваа наша програма претставуваат дополнителен мотив за нас да обезбедиме поддршка за нови 20 студентки. Сакаме што е можно повеќе млади жени и девојки да имаат можност да стекнат знаење и искуство од индустријата и да ги развијата своите таленти во СТЕМ областа. На овој начин се надеваме дека ќе го зголемиме учеството на жените во инженерските сектори и занимања каде сеуште постои нееднаквост и помала застапеност на жените. Поттикот за вклучување на жените во некои од најзначајните индустрии ќе придонесе за натамошен одржлив развој на македонската економија и заедницата во целина“, изјави Ебру Оздемир, претседателка на Групацијата Лимак и основачка на Global Engineer Girls.

Global Engineer Girls е меѓународна филантропска иницијатива која започна да се спроведува во 2015 година во Турција, а минатата година се прошири и во Северна Македонија и Косово. Главна инспирација за нејзиното покренување беше организациската култура на Групацијата Лимак за зголемување на застапеноста на жените во СТЕМ областа.

 

Контакт информации: Global Engineer Girls North Macedonia

Љубица Короскоска, програмски менаџер; 078 455 145; lkoroskoska@limakskopje.com

Клучни зборови

  • Global Engineer Girls
  • Групацијата Лимак
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk