Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

НОВА КАМПАЊА НА ВИНЧИНИ И СОС ДЕТСКО СЕЛО: Ти грицкај “ROCKY”, Винчини донира

27 окт. 2022 г.·2 мин читање·4760 прегледи

Следете не на Viber

Компанијата Макпрогрес од Виница, ја продолжува својата традиција на организирање хуманитарни кампањи, информираат од компанијата. Овојпат нејзиниот бренд Винчини донира за СОС Детско Село, преку купување на нивниот производ, грицките “ROCKY”. Со секоја купена 250-грамска кесичка од “ROCKY”грицките, дел од средствата се донираат на СОС Детско Село.

Како една од најголемите прехранбени компании на Балканот, Макпрогрес повеќе години ја гради својата позиција на општествено одговорна компанија при што еден од нејзините фокуси е континуирана поддршка на мисија на СОС Детско Село, а таа е „Топол дом и грижа за секое дете“. „Како семејство се приспособуваме на променливата општествена и економска состојба и затоа традиционално креираме кампањи кои ќе ги сплотат производителите и купувачите за да заеднички ја поддржиме работата на СОС Детско село“, велат од Макпрогрес.

Хуманитарната кампања со најновиот производ „ROCKY“ почна на 26 октомври и ќе трае до 26 декември оваа година.

„Ги повикуваме сите потрошувачи да бидат дел од оваа кампања и заеднички да ја поддржиме мисијата на СОС Детско село: Топол дом и грижа за секое дете, и да растеме заедно со палетата на производи на ROCKY“, стои во повикот на компанијата.

Производите „ROCKY“ на Винчини со хуманитарна ознака веќе се дистрибуирани низ продажните места во секој град и се достапни за сите купувачи да можат да уживаат во вкусовите на производот, но и истовремено да се збогатат со чувството на гордост и лична сатисфакција што им помагаат на тие што најмногу им треба.

Клучни зборови

  • ROCKY
  • Макпрогрес
  • сос детско село
  • хуманитарна кампања
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk