Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

НОВА ЕКОЛОШКА ТАКСА, ПОВИСОКИ ЦЕНИ: Еве со кои новини соседна Грција годинава ја стартува летната туристичка сезона

12 мај 2025 г.·4 мин читање·2686 прегледи

Следете не на Viber

Пред самиот старт на летната сезона, за домашните туристи кои планираат одмор во Грција сега е време да се информираат за цените на сместувањето, но и на намирниците, лежалките, во кафулињата и рестораните.

Она што е новина годинава е што отсега, во калкулациите колку ќе ве чини летувањето во оваа соседна земја, треба да додадете и нова ставка – имено, од 1 јануари 2025 година Грција воведе „еколошки данок“, познат и како „такса за отпорност на климатските промени“.

ЕКОЛОШКАТА ТАКСА – ДОПОЛНИТЕЛЕН ТОВАР ЗА ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО

Овој данок го заменува сегашниот данок на престој и е дел од поширокиот план на грчката влада за одржлив туризам и борба против последиците од климатските промени, па би требало да го вклучите го новиот данок во вашиот буџет за годишен одмор.

Износот на данокот зависи од видот на сместување и времето од годината. Во текот на главната туристичка сезона (април – октомври), данокот се наплаќа по ноќевање и изнесува: хотели со 1-2 ѕвезди: 2 евра, хотели со 3 ѕвезди: 5 евра, хотели со 4 ѕвездички: 10 евра, хотели со 5 ѕвездички: 15 евра. За апартмани, соби, апартмани (вклучувајќи Airbnb): 8 евра. За престој во куќи и вили поголеми од 80 м² се наплатува по 10 евра дневно.

Вон сезона (ноември – март), овие износи се значително пониски и за хотели се движат од 0,50 евра до 4 евра дневно, во апартмани и соби по пола евро, додека за куќи и вили таксата е 4 евра на ден

Данокот се наплаќа по соба или сместувачка единица, а не по лице, што значи дека семејствата и поголемите групи можат да се снајдат подобро.

Воведени се и посебни такси за патниците што пристигнуваат со крузер: Нас популарните Санторини и Миконос: 20 евра по лице, на ден, а за други острови и Атина износот е 5 евра по лице, на ден.

Еколошката такса се плаќа директно во сместувачкиот објект, при пријавување или одјавување. Сопствениците се должни да издадат потврда за плаќање, а износот не е вклучен во ДДВ.

Пред да резервирате сместување, препорачливо е да проверите дали данокот е вклучен во вкупната цена.

ПОСКАПА ХРАНА

Како и во другите европски земји, оваа година цените во Грција се малку повисоки од претходните години. Традиционалната грчка брза храна – гиро може да се најде од три до 4,5 евра, исто толку чини и сувлаки пита, додека оброк во поевтини ресторани чини од 15 до 20 евра, додека пијалок чини од 2,5 до шест евра.

Еве некои карактеристични примери: лигњи на скара 15, пржени тиквички 6 – 7, пржени компири 5,5 – 6, салати 5 – 8, цезар салата со пилешко 10 – 11 евра за порција, пица – 6-12 евра.

Некои туристички информатори објавија и цени на храната на пазарите во северна Грција.  „Грчка инфо“ сподели листа на најчесто купувани производи, со актуелни цени: мали јајца – 0,27 евра по парче, поголеми јајца – 0,35 евра, марула – од 0,50 до 1,30 евра, килограм грав – 7,50 евра, китка млад кромид – 0,30 евра, домати – 1,25 евра/кг, грашок – 3 евра/кг, круши – 1,50 евра/кг, канче јагоди – 2,50 евра, килограм тиквички – 0,50 евра, зелена пиперка – 2,50 евра/кг, компири – 1 евро/кг.

За килограм риби барбуни, потребно е да платите 4 евра за килограм, за ципура околу 5 евра, за „сина“ риба треба да дадете 8 евра, додека ракчињата се околу 10 евра за килограм. За орада, потребно е да се издвојат 9,50 евра. Октоподот се движи помеѓу 10 и 12 евра.

Клучни зборови

  • грција
  • еколошка такса
  • летување
  • поскапување
  • туризам
  • храна
  • цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk