Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

НОВА ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА ОД ПРОКРЕДИТ ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА-„ПроКредит бизнис академија“ нуди можности за едукација и вмрежување

27 фев. 2025 г.·3 мин читање·1164 прегледи

Следете не на Viber

ПроКредит Банка преку проектот „ПроКредит бизнис академија“ нуди можности за едукација и вмрежување за мали и микро бизниси. Овозможува нефинансиска поддршка на локалните бизниси преку бесплатна професионална едукација за сопствениците/управителите на претпријатијата коишто имаат амбиција за раст и развој.

Академијата е дел од пошироката иницијатива на ПроКредит Банка насочена кон зајакнување на домашната бизнис заедница преку нефинансиска поддршка. Како банка која континуирано создава можности за едукација и вмрежување, преку оваа академија од банката велат дека ќе им се овозможи на претприемачите пристап до интерактивни работилници, експертски совети и практични алатки за унапредување на деловните вештини.

„Преку ПроКредит бизнис академијата сакаме да им овозможиме на претприемачите пристап до знаење и ресурси кои ќе им помогнат да го направат следниот голем чекор во развојот на нивниот бизнис. За нас, да се биде партнер на бизнисот, значи да се оди чекор понапред од нудење на стандардни банкарски услуги. Затоа вложуваме во тоа што е клучно за градење успешен бизнис – знаење и мрежа на контакти. Веруваме дека едукацијата е клучна за одржлив раст, а оваа иницијатива е уште еден начин на кој ја зајакнуваме локалната бизнис заедница“ истакна Милан Дамчевски, член на Управниот Одбор на банката.

Програмата ќе биде реализирана под менторство од Искусни професионалци од регионалната консултантската компанија Alphabet Group ќе ја реализираат програмата. Компанијата повеќе од 7 години им помага на малите бизниси да го реализираат својот целосен потенцијал преку иновативни и интерактивни обуки и програми за развој.

Магдалена Манева од ПроКредит банка посочи дека академијата е структурирана во пет клучни модули, кои ги опфаќаат темите: разбирање на финансиски концепти, продажба, комуникациски вештини, интерно претприемништво и дигитална трансформација.

Програмата ќе се реализира од април до октомври 2025 година во Управната зграда на ПроКредит Банка во Скопје. По завршувањето на предавањата на учесниците ќе им бидат доделени сертификати.

Учеството е без финансиски надомест, како дел од континуираната инвестиција на ПроКредит банка за градење вештини и капацитети кај локалните претприемачи. Заинтересираните претприемачи можат да аплицираат до 30 март 2025 година. По процесот на селекција, ќе бидат избрани 90 учесници кои ќе се приклучат на првата генерација на „ПроКредит бизнис академија“.

Пријавувањето е отворено преку официјалната страница biznisakademija.pcb.mk каде што се достапни сите детали за академијата.

Клучни зборови

  • прокредит
  • ПроКредит бизнис академија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk