Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

НОВА АТРАКТИВНА ПОНУДА ЗА ШТЕДЕЊЕ ОД ШПАРКАСЕ БАНКА

26 мај 2026 г.·2 мин читање·5184 прегледи

Следете не на Viber

Шпаркасе Банка започна нова кампања за депозитни производи под мотото „Висока, повисока, највисока каматна стапка“, со фокус на Депозит плус – производ со атрактивна понуда за штедење што носи повисоки фиксни каматни стапки за различни вредносни рангови, нови рочности и поголема флексибилност за клиентите при планирањето на нивните финансиски цели.

Во рамките на промотивниот период, кој трае до 31.7.2026 година, клиентите имаат можност да орочат средства во денари и во евра со атрактивни услови и избор на повеќе рочности.

Со „Депозит плус“ клиентите добиваат фиксна годишна каматна стапка за штедење во денари во висина до 3,50 % при орочување на средствата на 36 месеци и можност за комбинирање со Unit Linked полиса за животно осигурување. Клиентите што преферираат штедење во евра, добиваат фиксна годишна каматна стапка во висина до 2,80 % со рочност од 36 месеци. Покрај рочноста од 36 месеци, производот е достапен со рочност 13 и 25 месеци за штедење во денари / 12 и 25 месеци за штедење во евра.

Во рамките на понудата е вклучен и „Детски депозит“, наменет за долгорочно штедење за најмладите. Производот е достапен во денари и во евра, со рочности од 25 до 60 месеци. Депонентите што ќе отворат детски депозит во денари добиваат фиксна каматна стапка од 3,30 % за штедење на 60 месеци, додека за штедење во евра добиваат фиксна каматна стапка од 2,50 % за истиот период на орочување. Новитет во понудата е и можноста за орочување на „Детски депозит“ на 48 месеци.

Покрај класичните депозитни производи, клиентите можат да го користат и „ОНЛАЈН Депозит“ – современо дигитално решение што овозможува брзо и едноставно орочување средства преку дигиталните канали на Банката, 24/7 и од кое било место.

Со „ОНЛАЈН Депозит“ клиентите добиваат до 3,30 % фиксна годишна каматна стапка за штедење во денари и до 2,50 % фиксна годишна каматна стапка за штедење во евра, со можност за едноставно и брзо отворање депозит преку дигиталните канали на Банката.

Шпаркасе Банка продолжува да развива производи што одговараат на различните потреби на клиентите, комбинирајќи сигурност, атрактивни каматни стапки и современи решенија за штедење.

Повеќе информации за депозитните производи се достапни на:
https://www.sparkasse.mk/mk/private-clients/shtedenje-i-investiranje/shtedenje

Клучни зборови

  • депозит
  • Депозит Плус
  • Детски депозит
  • Каматна стапка
  • шпаркасе банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk