Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

НОВ ГОЛЕМ ПАД: Турската лира загуби 7% за само неколку минути

13 дек. 2021 г.·2 мин читање·1572 прегледи

Следете не на Viber

Турската лира утрово за само неколку минути загуби седум отсто од вредноста и падна на близу 15 лири за долар.

Според Независне, причина е ризичната економска политика на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и можноста основната каматна стапка дополнително да се намали.

Лирата ослабе за 50 отсто од крајот на минатата година, поттикнувајќи ја инфлацијата на големиот турски пазар во развој, кој во голема мера се потпира на извозот.

Централната банка претходно го одржуваше курсот под 14 лири за долар и трипати интервенираше на девизниот пазар во претходните две недели со продажба на долари. Од утрово нема интервенции.

Една лира моментално вреди 14,99 долари, што значи дека изгубила 7,3 отсто од вредноста во однос на петокот кога курсот беше 13.889.

Турската централна банка се очекува да ја намали основната каматна стапка на 14 отсто оваа недела, иако инфлацијата скокна на 21,3 отсто минатиот месец.

Ердоган е за намалување на каматните стапки и промовирање на нов економски план кој има приоритет на економскиот раст, кредитите, производството и извозот, иако таквите политики беа критикувани од економисти и опозициски политичари.

Клучни зборови

  • пад
  • турска лира
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk