Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Нов бум на пазарот: Пандемијата му помогна на овој човек да биде еден од најплатените директори во светот

1 дек. 2020 г.·2 мин читање·2323 прегледи

Следете не на Viber

На листата на „Блумберг“ за најплатени директори не се регистрирани значителни новини. Елон Маск беше прв, Тим Кук беше втор, а на списокот беа и шефовите на Интел, Алфабет, Блекстоун Груп. Сепак, на списокот имаше едно изненадување.

На петтото место се најде Сумит Синг, шеф на компанијата Chewi Inc., онлајн продавница за миленичиња, играчки и лекови за домашни миленици.

Синг стана дел од оваа компанија во 2017 година, а на нејзино чело застана седум месеци подоцна и заработи 108,2 милиони долари во 2019 година на име плати, бонуси и обврзници.

Оваа сума е уште поневеројатна ако земеме предвид дека компанијата немала профитабилен квартал во деветте години од постоењето.

Тие минатата година имаа 13,5 милиони клиенти, додека приходите скокнаа за 37 проценти на 4,9 милијарди евра. Потоа дојде вирусот корона и работите станаа уште подобри за оваа компанија.

Околу две третини од домаќинствата во САД имаат домашни миленици. Тие потрошија 99 милијарди долари на нив оваа година. Бидејќи започнаа да ги избегнуваат продавниците за време на пандемијата, бизнисот на оваа компанија процвета.

Од февруари до јули компанијата имаше повеќе клиенти отколку целата претходна година, а вредноста на нивните акции скокна од 30 на 72 долари.

Во јуни 2019 година започна тргувањето со акциите на компанијата. Сето ова од далеку го следеа Рајан Коен и Мајкл Деј, двајца пријатели кои ја основаа компанијата во 2011 година. Ноќта пред излегувањето во јавноста, Коен седеше пред sидовите на оваа институција, разговараше со неговиот татко на телефон и возбудено зборуваше за тоа како неговото „бебе“ постигнало толку голем успех.

Кога Синг ја презеде функцијата, компанијата имаше 10.000 вработени и им требаше нова структура, подобра анализа на податоци, повеќе производи и ланец на снабдување. Синг го обезбеди сето тоа. Тој израснал во Индија, се школувал во САД и работел во Амазон, од каде стекнал искуство со работа во продажба преку Интернет.

Клучни зборови

  • блумберг
  • компензации
  • најплатени директори
  • примања
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk