Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ИНСПИРИРАНИ ОД БОГАТАТА МАКЕДОНСКА ТРАДИЦИЈА: Халкбанк има нов брендинг

29 дек. 2022 г.·3 мин читање·504 прегледи

Следете не на Viber

Убавината на традицијата, археологијата и уметноста се инспирација на нашето корпоративно брендирање. Инспирирани од традицијата, археологијата и уметноста, со графички израз и современ пристап, ја пренесуваме пораката за  вистинските вредности и важноста за нивната афирмација – стои во пораката за празничниот брендинг на банката.                                               

По повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници, Халкбанк АД Скопје уште еднаш ја покажа на дело својата максима – Важни се луѓето. Бирајќи соодветен корпоративен материјал, банката со посебен пиетет се осврна кон македонската уметност, традиција, археологија. Така се роди идејата за специјален брендинг (сет од хартиената ќеса, календар и тефтер) со мотиви од македонската народна носија од различни краишта, археолошки артефакти, од орото „Тешкото“, од народната песна „Билјана платно белеше“. Една од главните инспирации се и делата на доајените на македонската ликовна уметност: Никола Мартиноски, Борко Лазески, Димитар Кондовски.

Корпоративниот сет наменет за деловните партнери, клиентите и пријателите на Халкбанк ја продолжува приказната чија основа е слоганот „Важни се луѓето“, овој пат надграден со многу силна порака за важноста и почитувањето на заедничките вредности и традицијата.

  • Еден од најважните елементи на секое општество е неговата култура и традиција. Убавината на традицијата, археологијата и уметноста се инспирација на нашето корпоративно брендирање. Инспирирани од традицијата, археологијата и уметноста, со графички израз и современ пристап, ја пренесуваме пораката за вистинските вредности и важноста за нивната афирмација. Да ги почитуваме и сочуваме нашите заеднички културни вредности – стои во пораката на материјалите со кои Халкбанк ги честита престојните празници.

Брендингот е авторски проект на маркетинг агенцијата Ефектива, која со години работи во доменот на зачувување и афирмирање на уметноста, но и на едуцирање и градење публика што ќе ги цени и препознава уметничките вредности.

Халкбанк АД Скопје е најбрзорастечка банка во Македонија и една од петте најуспешни. Таа е значајна и како компанија која има цврста корпоративна политика со јасна визија за поддршка на општеството и вистинските, трајни вредности. Многу од нејзините платформи се однесуваат на едукацијата на децата, на подигнување на еколошката свест, поттикнувањето на здравиот живот и спортските навики, а во тек е и големата кампања за поддршка на возрасните лица „Да ги слушнеме и гушнеме“, која акцентот го става на меѓугенерациското поврзување во една заедница.

И годинава, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, Халкбанк потсетува на клучната порака – Важни се луѓето!

 

Клучни зборови

  • branding
  • Халк банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk