Речиси и да нема документ за кој не треба нотарска заверка. Таму се подготвуваат документи за разни купопродажби, за закуп, се изготвуваат нотарски платни налози… Нотарските канцеларии секогаш се преполни, па неретко треба да се оди од една до друга за да се заврши некоја работа. А, во меѓувреме, касата кај нотарите постојано се полни.
Порталот „Пари“ претходно пишуваше за заработките на извршителите, но анализата што ја направивме за најголемите приходи и добивки на нотарите покажува дека тие што се на самиот врв по заработките, лани дебело ги „прошишале“ извршителите.
Според анализата на порталот „Пари“ во соработка со Бизнисмрежа.Мк најголем приход направила нотар…